5 ствари што можете да ги купите неделава во Скопје

Да видиме што можеме да направиме со летото.

...Кое е досадно, иначе. Скопско лето препотува, уништува коса, мава на притисок и те заробува дома. А не иде и тоа малку излегување од дома на ова време да ти биде во боксерици, со глупа пунџа, па да видиме...

Колку да не идеме голи:

Да е жив и здрав тој што смисли дека маица од дечко ти/брат ти да е социјално прифатлива како фустан. Ние што почнавме порано со оваа мода можеме раат да излеземе без да не гледаат попреку (како тоа да беше некогаш проблем).

Во Бершка вика вака:

Они го викаат Plush jersey choker neck dress, ама сите многу добро знаеме дека е една глорифицирана, совршено прикладна и крајно потребна - маица. Што ако има божем чокер на неа. Чини 1190 денари и најверојатно ви треба.

За коса:

Маска Kallos Milk

Значи да се разбереме, нема шанси на косата да ѝ одговара 40 степени, па клима, па пак 40. Вие мијте, ставајте субрини, она ќе си седи таква умрена и ќе ви уништува и расположение, и ќеиф за излегување и све.

Ама:

Ова е прилично корисно и прилично евтино. Околу 150-160 денари, го има по маркети (Веро, на пример), 1000 мл. со млечни протеини и мириса на сладолед. Има и кавијар варијанта и боровинка. Не знам дали мирисаат на сладолед, ама тоа не носи до следното јако...

За јадење:

Capri Strauss

Уствари, нема слика што ќе го долови вкусот и радостите (без разлика што ви е јасно, пошо е Капри), околу сладоледов. Мислам, вкусот е тој еден, ама има една друга магија што е торта а не таа во-поглед-на-количина разочарувачката варијанта на стапче. 120 денари, го има скоро сегде каде што има фрижидери за сладолед.

За во ташна:

Не може да се има просечен новчаник. Или терајте со оние ситни новчаничиња кај што собира нешто малце железни, свиткани банкноти и повеќе картици, или идете на големо.

Како новчаников од Страдивариус на пример. Не е толку битна бојата, колку што е битен просторот и преградите внатре, и ако добро се испланира, веројатно може да се напика и машина за садови внатре. 799 денари.

Ако сте досадни, има и ваква варијанта:

:/

За лице:

На језивово лето му е малце што ја суши косата, напаѓа и кожа. Плус, Штедете на лабела ако сакате, штедете на шампони, па и на декоративна козметика, ама во нега на кожа е паметно да се инвестира. И затоа (ако имате 30 години и повеќе):

Изедначува тен, во исто време прави сè што прави еден дневен крем и дури да дојде време за ботокс, работи на брчки. И одлична замена за пудра на 40 степени, плус има заштитен фактор и може на плажа. Има по аптеки.

Не може летото толку да замара колку што ние можеме да наоѓаме скратени патчиња за фини ствари.

7 август 2017 - 15:52