Како да се преселиш без жртви

На филм тоа изгледа многу забавно. Мењаш еден прејак стан за друг уште подобар, па тоа брзи кадри, ведри бои, паѓање меѓу кутии, кикотење, Бени Хил движења, па пробување фустани, фрлање, пиење шампањ. Во приватен живот, тоа малку потешко.

Македонците се пакуваат и се селат сосе бубашвабите од претходниот стан, со пцуење, со „ја ли да те пакувам“ и „мајка ти нека те пакува, ја си идам“.

Шо камиони специјализирани за селење? Кај нас има Стево од Топанско што доаѓа со приколка и ти ги товари француските лежаи без многу да му ја мисли за механизмот, а притоа те убедува дека не ти треба и таа фотелја, еве он ќе ја земе, да те ослободи.

По свет има специјални кутии со шипка на средина, за ти од плакар сите закачалки уредно да ги закачиш да висат во кутијата. Дури да поминат 76 години и да почнат да се користат кај нас (не знам дали се продаваат), како решение имаме еден хак со големи кеси за ѓубре. 

За штедење на специјални кутии (иако кај нас се зимаат од локалното гранапче), има пакување по куфери, ташни и торби за плажа.

И слично што може да се најде на видеото подоле.

Корисното почнува после 1-ва минута:

4 август 2017 - 13:56