Уметници дефинираат убавина за Вог

За 125-годишнината на Вог, прашуваат неколку уметници „Што е убавина?” Идејата е да се креираат слики од кои после можат да се направат репродукции, за да се соберат пари за ХИВ/СИДА добротворни организации во Америка и Африка. Единаесет уметници прифаќаат, а модната куќа Марни се согласува на соработка со печатење на уметничките дела на ташни и маици.

Авангардата на дваесетиот век ја доведе убавината до степен на една обична декорација и сентименталност. „Сликите не се за декорација на станови”, се нервираше Пикасо. „Сликите се напад и одбрана против непријателот.” За уметниците денес, сепак, ништо не е недостижно; можат сè. Ја имаат целата историја на уметноста на дофат, можеш само да изгуглаш Ботичели или Миро и да разгледаш до каде можат да одат визуелните задоволства.

Фигис, ирска сликарка која ги обожава актите на Франсоа Буше ја нуди својата верзија на неговата Муза Ерато од 18-ти век. „Ерато е таа што ги освојува очите,” вели Фигис. Според нејзиното гледање, „Ерато е несигурна, неодлучна – нејзините очи се црн вортекс, и не знае како да реагира на сопствениот одраз.”

Дури и за тие што би сакале да ја одредат, убавината не се дава така лесно. „Се слушам сам себе: ‘Таа е убава’ или ‘Тој е убав!’ ама врска немам што зборувам,” рече еднаш Енди Ворхол. „Искрено немам поима што е убавина.”

Англиската уметница Ени Кеванс придонесува со портрет на Хари Неф, трансродов модел. „Како и уметноста, уметноста е субјективна и има една вродена слобода во тоа,” вели таа. „Во ова уникатно време, кога глобалните разлики никогаш не биле поистакнати, трансродовите модели како Хари Неф и Андреја Пејиќ нè потсетуваат колку сме среќни што живееме во општество што не само што ги прифаќа различностите, туку и ги смета за убавина.”

Носорог на кој му расте дрво од грбот му е сосема нормална ствар на Франческо Клементе и неговата уметничка визија, секогаш полна со изненадувања. Кога го прашале за дефиниција на убавината, рекол: „Не можам да го кажам тоа подобро од Рилке: ‘Убавината е почеток на теророт.’”

Бразилката Беатриз Милхазес ги руши сите граници меѓу уметноста и декорацијата. Нејзината бунтовнички шарена Слобода е моќна слика изградена околу знакот за мир. „Убавината е трансцендентна, спиритуална и волшебна,” одговара таа на пораката. „Мир и љубов!”

Џули Мехрету има апстрактен, црно-бел цртеж, „Без наслов”, и тој не престанува да се движи. Флуиден, течен, лесен како воздух, го кани гледачот да се вклучи. Како што каже Кери Џејмс Маршал, еден од најдобрите наративни сликари во Америка, „Убавината е несвесна сигурност во себе. Неусилено зрачење.” Сликата ја вика Без наслов (Бакнеж), но многу лесно може да биде и други работи. Маурицио Кателан нафрла цветен кич и ги засмејува луѓето. „Живеј со убавина и лош вкус и третирај ги тие натрапници исто,” советува Кателан.

Убава вистина на Шара Хјуз ги прикажува нејзините патувања со татко и тројцата браќа во детството. „Татко ми секогаш ни кажуваше дека ‘вистината ја нашол’ на семејната фарма во јужна Џорџија. Немаше телевизија, само дрвја и простор… Значеше комплетна слобода, простор да бидеш ти. Тоа ми е мене убавина.” Нејзината слика доаѓа од една снимка што ја направила претходното лето додека се возела низ боровата шума со татко ѝ.

Рагнар Кјартансон, разиграниот исландски уметник порано има проблем да го напише зборот убавина на англиски. „Најчесто пишував ‘beuty’” објаснува во одговорот. „Никогаш не сум ја дефинирал самиот, но омилена дефиниција ми е, „Каде што глечерот се спојува со небото, копното престанува да биде земско и земјата станува едно со рајот; таму повеќе не живее тага, па нема ни потреба од радост; само убавина владее таму,” од Халдор Лакснес.

 

25 август 2017 - 11:20