Како се гради американски моден бренд

...jа следела Аробио на Инстаграм и му се восхитувала на нејзиниот стил и реални коментари под сликите (На пример, ‘Грд беше денот, ОК?’ и слика со хамбургер и помфрит). Од Ратајковски го побарала бројот и ѝ се јавила. „Ѝ реков на Пиа, одлична си, супер-талентирана, ми се допаѓа тоа што го претставуваш. Ако правиме бренд со тебе, не сакам да се селиш во Шпанија.”

Пред две години, Лара Пиа Аробио работи како дизајнер за Reformation и ја регрутираат во Зара, во главните простории во Шпанија.

„Се начукавме со девојчето од човечки ресурси после интервјуто за работа,” раскажува Аробио. „Таа ми рече ‘Ќе се здебелиш. Сите Американки тука многу јадат и многу пијат пиво’.”

Г-ца Аробио си ја прифаќа оваа возможна судбина. Претходно ѝ пропаѓа врската со дечко и, и замислува како се вљубува во атрактивен Шпанец и се скрасува во Ла Коруња, каде што е штабот на Зара. Но прво, сака да го искористи престојот во Европа на туѓа сметка.

Една нејзина другарка, штознам, може ќе ви текне, манекенка е, Емили Ратајковски ѝ се придружува на едно патување низ Италија слично на „Јади, моли се, уживај”, па онака необавезно ја спомнува Аробио пред Раиса Џерона, директорка во Revolve, компанија за која што и самата (Емили) има работено.

Џерона jа следела Аробио на Инстаграм и му се восхитувала на нејзиниот стил и реални коментари под сликите (На пример, ‘Грд беше денот, ОК?’ и слика со хамбургер и помфрит). Од Ратајковски го побарала бројот и ѝ се јавила. „Ѝ реков на Пиа, одлична си, супер-талентирана, ми се допаѓа тоа што го претставуваш. Ако правиме бренд со тебе, не сакам да се селиш во Шпанија.”

Бренд? За облека? Но, Аробио не знае ни да шие.

Одговорот на Џерона: „Нема врска. Имаме секакви системи за да инкубираме луѓе како тебе и ти да можеш да се фокусираш на она што знаеш да го правиш. А тоа што можеш да го направиш е да изградиш бренд: да се има визија за тоа која е девојката, што сака да прави и што сака да објавува. Денес тоа е бренд.”

Во рок од еден месец, Аробио се повлекува од Зара и потпишува едни поинакви документи.

Така почнува приказната за LPA, линија стара година дена дочекана со ентузијазам од многу холивудски ликови уморни од вообичаениот моден календар и неговите цени.

Парчињата не се ремек дела во однос на изработка – нешто кое и самата Аробио прва го признава. Со двоцифрени и троцифрени цени, нејзините кожни јакни со нитни и обични фустанчиња не делуваат многу поразлично од тоа што виси на закачалки во H&M и Forever 21.

Но, додека големите корпорации се мачат од наопаку да постигнат една аура на феминистичка независност, Аробио е оригинална и вистинска. И привлекува огромен број на гласни, популарни фанови, меѓу кои и Лина Данам која можеби и ќе се покори на големите имиња повремено, како Прада за црвен тепих, но сепак носеше црн фустан од LPA за една насловна на Холивуд Репортер.

„Сакав нешто што кажува ‘Си ја знам и си ја поседувам моќта’, а LPA токму тоа го прави,” пишува Данам во еден мејл, додавајќи дека Аробио „го разбира женското тело и игривиот дух на денешната жена и она што нè тера да се чувствуваме секси и забележани.”

Сестрите Кардашијан, Вајолет Бенсон и Емили Ратајковски исто постојано се појавуваат во LPA парчиња во јавност. А учејќи од правилникот на Енди Ворхол и Ив Сан Лоран од ’60-тите, Аробио си ги собира сите на алкохолизирани излегувања кои редовно се овековечуваат со слики.

„Ние доаѓаме од школото за поддршка на сите жени,” вели манекенката Ерин Васон, која со своите 35 години е старешина во тој свет. „Не можеш сам да ја качуваш планината, затоа што ќе стигнеш до врвот и ќе ти биде досадно. Повеќе би сакала да ја качам со другарките и горе да направиме журка.”

За Аробио знаат да кажат дека е очигледно дека не седи да размислува за истражувања на пазарот и таргет групи. За тоа има луѓе, како една од 13-те марки под чадорот на Revolve и Alliance Apparel, со нив дели персонал – сметководители, техничари и слично, а облеката се изработува најчесто во Индија, во фабрика проверена од компанијата и безбедна во однос на етички принципи. Нема поима од дезени и за тоа има асистент.

Родена е во Пасадена, Калифорнија, но Њујорк е градот кој ја трансформира од девојче од католичко школо со вештачки тен и надградба на коса во тетовирана редовна муштерика во Макс Фиш. Почнува да се дружи со битни фаци и дизајнери. Денес, ѝ се воодушевуваат задкулисни ликови од високото модно добро утро,

Не ѝ се мафта ни со модни писти.

„Тоа е многу скапо и губење време. Кога ќе го видат на писта, веќе е старо.”

Во првата година, LPA заработува околу 5 милиони долари од продажба. За споредба, годишната заработувачка на Зара е 17 милијарди. И да, според Џерона која беше спомната погоре, фино е да ти е јако тоа што го правиш, но бројките не лажат. И целта им е сите нивни дизајнери да ги подучат што треба, а што не.

Но, покрај тоа што би сакала да заработи, Аробио сака да биде и пример, гледајќи се себеси како една постара сестра на нејзините муштерии.

„Има два начини да се направи бренд,” објаснува таа. „Да ги облечеш најпопуларните девојки на светот, или да облечеш обични девојки. Мене ми е многу важно да ги направам и двете работи и тука лежи битката понекогаш. Има моќ во бројките и инфлуенсерите, но јас сакам да бидам и одговорна за моето влијание, и тоа сакам да им го кажам на девојките.”

LPA не се рекламира во Вог или на телевизија; има 95 000 на Инстаграм и на тие слики има жени што носат LPA во вистинскиот свет, понекогаш и додека јадат тестенини. За едно списание, Аробио не сакала да испрати колаж од модели и испратила празна страница каде што пишува „Сакаме да се чувствувате убаво.” и веб страната.

„Уредничката рече, ‘ама ние сакаме слика,’ а јас реков ‘тогаш не го употребувајте ова.’ Мислам дека LPA нема ништо да промени во високата мода. Гучи, Долче и слични, тоа се ентитети. Не одат никаде. Но се надевам, луѓето како мене ќе го поплочат патот за ова да стане стандард за тоа што девојките можат да очекуваат, односно длабочина и вредност.”

30 август 2017 - 15:00