Игра на воздишки:

Валириски челик, за вас мадам

Добро де, не е Валириски челик, силикон е. Ама тоа не значи дека како и оригиналот - нема да ви се најде кога ќе ви затреба.

Ако планирате допрва да гледате Игра на тронови, или ако планирате да го купите ова и баш поради него да почнете да гледате од што ќе ве усреќи, ќе има спојлери за прва сезона.

Готово?

Добро.

Longclaw е мечот што Џон Сноу го доби од Џеор Мормонт во прва сезона, кога му го спаси животот од глупо смрзнато зомби. Ова се разбира, фановите го знаат, со тоа што некои од нас можеби малку го имаа заборавено. Направен е од Валириски челик, многу редок, тежок за наоѓање и извор на воодушевување кај кој и да го земе во рака.

И се разбира дека на некој ќе му текне да извлече од ова инспирација за - дилдо.

Производителот е Geeky Sex Toys, каде што можете да си најдете и други работи што би ве интересирале, Покемон ли, Бетмен ли, зависи кај ви лежат афинитетите.

А видете го ова, до волкот на рачката, до сè:

Ако не ви прави ќеиф, имате и вибрирачки змејски јајца.

 

22 август 2017 - 09:44