100 години нокти

Може ли пред да гледаме, да се согласиме дека дојде многу грдо време за нокти? Тоа што ни го поклонија '40-ти (класика црвени нокти на нормална должина) или совршените '90-ти со нивните кратки, темни - го упропстија овие 2010-тиве, со канџите прекриени со сто слоеви лак, све-ми-боје-лепо-стоје стајлинг, штрасови, животинки, вештачко крзно, логото на Спрајт, менѓуши за нокт, и така натаму до бескрај.

А решението било само да се побара инспирација во претходните декади.

Лакирање нокти е момент за себе, момент за пуштање мозок на пасење, пополнување време, тема за разговор, начин да се извадиш да не мораш да допираш ништо 10-15 минути, финиш на целокупниот изглед и едноставно - една фина работа.

И си има своја историја.

25 август 2017 - 13:01