Дали е паметно да се претерува со out-of-office пораката?

Летото уште трае, што значи дека се поголеми шансите на мејл да добиете автоматски одговор наместо обичен, затоа што тој што ви треба е на одмор. Но, сега сме во ера на опуштени мејлови и официјални преписки со по некое смајли, па се поставува прашањето, што е во ред, а што нема смисла да се остави како порака додека си на одмор?

„Мора одмор, не сме војска” доаѓа одговор од еден од вработените во во Вог, кои ги прашуваат што е најдобро да се прочита во таков мејл.

Аријана Хафингтон, од Хафингтон Пост очигледно го има откриено најјакиот начин да не те чекаат 675 мејлови кога ќе се вратиш од одмор. Од кај нејзе се враќа информација дека сите мејлови што ќе стигнат додека е отсутна, ќе бидат избришани, па да ја контактираме уште еднаш на тој и тој датум. Генијално!

Од другите искуства најчесто доаѓа класиката, „надвор од канцеларија од икс причина, ќе ви биде одговорено кога ќе се вратам.” Но луѓето се сè поотворени, па така, од Вог добиле мејлови како „Не можам да се бавам со ова денес, раѓам,” или „Во моментов работам на многу важен проект и ќе ми треба подолго време да ви одговорам,” или „Мајами, работно/журкачки и скоро и да е сигурно дека во моментов пијам ладно пиво на плажа.”

Од сè ова може многу да се научи. Особено од Хафингтон.

Во секој случај, ако некој прв пат ве контактира, може да не му се допадне неформалноста. За момент ќе заборавиме дека тотално не нè интересира тоа.

Кога работиш во неформално опкружување, лесно е да посакаш да оставиш забавна, неформална порака,” вели Луси Хјум, која се разбира во манири на ова поле, бидејќи е вработена како директорка во една компанија поврзана со овие прашања, Debretts. „Ако некој ви пишува прв пат, ако споделува лоши вести или е нестрплив да ве добие, може да не му се допадне тоа што ќе го прочита.”

„Треба да биде што е можно поинформирачки во однос на рокот во кој ќе бидете во состојба да им одговорите – ако воопшто можете. ”

Сепак, немојте да мешате информативно со експлицитно. Колку и да сакате да напишете „идам да родам бебе од 4 кила”, без разлика што ви делува смешно (и точно), може да се најдете пред дисциплинска мерка од некој што ви е претпоставен.

А ако зборуваме за тој погоре со Мајами, Хјум смета дека треба малку да си го заузда ентузијазмот. За тој што работи на друг проект, веројатно е најблиску до бивање во право, вели: „За луѓе што не можат да си дозволат бришење како Аријана Хафингтон, може да е погрешен пристап, бидејќи клиентот може да се почувствува запоставен и недоволно важен ако не му одговориш веднаш затоа што работиш со некој друг.

Идеално е да се обидеш да одговориш во рок од 24 часа, но ако наидеш милион мејлови и тоа не е возможно, вреди да се прати мејл со молба да те почекаат, за луѓето да сфатат дека си се вратил и ќе одговориш најбрзно што можеш.”

18 август 2017 - 14:00