
Оваа кратенка е всушност една од најпосакуваните пораки што можат да се добијат ако си вработен во Вог. Да му пријдеш на некој вработен и да му шепнеш дека е „AWOK-иран” ќе слушнеш воздишка на олеснување, па и, како што кажува Киома Нади од Вог, можеш да посведочиш на победничко танцувкање со рацете во воздух.
Ниеден писател/уредник/стилист/уметнички директор не го заборава своето прво AWOK, што значи „Anna Wintour OK”
Нади раскажува за нејзиното прво AWOK. Била втор ден на работа и пишувала вести за мода. Кога ја завршила првата задача, испринтала (како што било наложено) три копии: еден да го прати на проверка на факти, еден во продукција на списанието, и третиот – најважен – во сандаче кај Ана Винтур.
После неколкучасовно грицкање нокти, копијата се враќа со пост-ит: AWOK. Седум години подоцна, истото ливче и стои на биро како плакета.
И иако е среќна околност, не е дека сите го добиваат. Луѓето се често изненадени кога ќе чујат колку детално Винтур ја прегледува секоја страна од списанието пред да оди во печат. Понекогаш дури и најситното насловче се враќа со ливче на кое пишува „продолжи да се трудиш”, „Не” или најлошата варијанта – „досадно”.
А сепак, ниедна порака не предизвикува страв и терор меѓу вработените како пораката „Дојди”.
Може и ние во Офф.нет треба да си направиме стикери.