Ако ви се враќа во '90-ти, сликиве се поевтини од времеплов

Пред да имаме Кардашијани и реалити ѕвезди, папараците во Холивуд најчесто бркаа талентирани луѓе. Овие слики се вечно достапни на интернет, само што, квалитетот на фотографијата, модата на нејзе и самиот човек/пар кој како појава е заглавен во одреден период некаде во '90-ти, потсеќа дека прв пат сликиве сме ги виделе на хартија, во некое списание од тие 3-4 што ги имаше кај нас.

Кејт Мос, Наоми Кембел и Линда Евангелиста сликани како во кафана.

Том Круз и Никол Кидман во исти кошули, не толку оштетени од Скиентологија.

Леонардо Дикаприо, детиште и на улица некаде во Холивуд.

Викторија и Дејвид Бекам, на времето кога учевме што е метросексуалец.

Бред Пит во време кога мораше да се личи на нешто за да бидеш секс-симбол.

Сара Џесика Паркер и Роберт Дауни Џуниор без брчки.

Кејт Мос и Наоми Кембел на Лондонска модна недела во 1993-та.

Брук Шилдс кога му беше дејт на Мајкл Џексон на Греми награди во 1993-та.

Итан Хок фаќа такси, 1995-та.

Лиам Нисон и Брук Шилдс (она симбол за '90-ти убавина)

Винона Рајдер од некоја премиера.

Рајан Филип и Рис Видерспун, тоа што беше #goals во '90-ти.

Софија Копола и Киану Ривс да ти биле пар во 1992-ра.

Синди Крафорд на аеродром во Лос Анџелес, 1991-ва.

Мараја Кери кога беше битна.

Џони Деп и Кејт Мос, еден од најубавите парови во историјата на Холивуд,

Џенифер Анистон, на времето кога не мораше во балски хаљини на премиера.

Бен Афлек и Гвинет Палтроу на аеродром во 1999-та.

Лени Кравиц и Ванеса Паради во 1992-ра.

И за крај, никогаш непрежалениот холивудски пар, на крајот на деценијата, 1999-та.

извор

22 август 2017 - 14:08