Ајде да разговараме за последнава епизода

Се разбира дека ќе има спојлери. Не читајте ако не сте ја гледале С8Е5.

Тажната приказна на Џуди Гарланд

Џуди Гарланд ја памтиме како Дороти Гејл во „Волшебникот од Оз”, од 1939-та и ни доаѓа како симбол на таа девојачка ведрина, наспроти вампот на стар Холивуд. Но, како што веќе и се рашири лани, кога ги лустрираа сите холивудски работници - и приказната на Џуди Гарланд носи неверојатна тага.

Сите глупости што ги слушаат луѓе со тетоважи

„Знаеш дека е трајно тоа, така?”

Како ти изгледа работното место кога работиш за моден блог?

Некои модни блогови се работат од удобноста на сопствениот кревет. Некои се работат од специјален простор одвоен, божем за работа, повторно недалеку од креветот. А некои стануваат толку големи, што си бараат канцеларии. 

Како да не претераш со „Fake it 'till you make it” и други умни работи

Ако не сте чуле за Ејми Смиловиц, тогаш еве што треба да знаете: освен што ја усовршува секојдневно уметноста на правење селфиња-минус глава, ја има основано нејзината модна компанија, откако потрошила само 38 долари на четири парчиња облека - на трет ден живеење во Хонг Конг.

Во случај да ја пропуштивте шминката на Езра Милер

Многу работи беа одлични на Мет Галата, ама ако бираме највпечатлива шминка, не одиме подалеку од Езра Милер.

Жените се повторно воодушевени од Меган Маркл

Овој пат, заради феминизмот во нејзиното прво појавување со бебето.

Режисерот на „Амели” ќе прави лажен документарец за снимањето

„Амели” е класика, и кога се појави прв пат во 2001-ва стана француски филм со најголема заработувачка во Америка во тоа време. Да не правиме муабет колку луѓе тргнаа да се пакуваат и да се селат во Париз.

Фустан од 3Д принтер за Мет Гала

Џордан Дан носеше фустан што личеше на ружа - направен од пластика. Принтан. Ај некако да побрза периодот кога ќе можеме да си принтаме облека?

Ајде да разговараме за веѓи

Може ќе ви се чини небитно во однос на проблемите во светот, ама ако размислиме малку колку време посветуваме на сликање и гледање себеси, па ако на тоа додадеме и размислување за тоа колку луѓето поима немаат од уредување на сопствената фаца, може па и треба да разговараме.

Прва ревија на Шанел после Лагерфелд

Виржини Виар работеше со Лагерфелд во Шанел над 30 години, но дури денес ја имаше својата прва соло колекција откако Карл отиде во вечни ловишта во февруари.

Ваква Мет Гала сме немале

Поточно, ние никаква Мет Гала сме немале, затоа што сме типови на луѓе што работат само кога ќе им дојдат гости, па, ајде поточно вака: светот не видел до сега ваква Мет Гала.

Со инфлуенсерите се претера, време е да се вратат лабавите

Ви текнува на едно поедноставно време, кога Инстаграм имаше само ручеци и зајдисонца, и такви некои работи? И колку беше поинакво од денешното скролање и гледање внимателно уредени лајфстајл авантури, професионални достигнувања и јавно колнење дека „ќе поминувам помалку време на социјални мрежи”, најчесто од луѓе што заработуваат од социјални мрежи?

Kако Ким Кардашијан ќе стане адвокат без правен факултет?

Малку е чудно, ама може. Кај нас се разбира не, ама таму да.

Доста викате дека Арја не заслужи да го направи тоа што го направи

Насловот е ваков килав од обзир за луѓето што уште не стигнале да пуштат ГоТ и после пет дена. Празници, сончеви денови, може и не сте се затвориле уште во темница за да ја изгледате трета епизода, имаме разбирање. Тоа не значи дека не следат СПОЈЛЕРИ.

Порнхаб се нуди да му ја спаси еротиката на Тамблр

Тамблр се продава. Во екот на општото разочарување од платформата, чии корисници си бараат друго чаре откако стана построго таму, Порнхаб мајчински ги шири рацете и ветува дека ако го купи, ќе им го врати целото изгубено порно.

Поема за анксиозноста

Поезијата е тешка категорија. Тешка за сакање, тешка за следење, тешка за игнорирање и тешка на еволуција. А сепак, во 21-ви век, некои нови клинци и даваат свеж пристап, поинаква презентација и користат социјални мрежи за да допре до повеќе луѓе, па така и до луѓе што баш и не ја есапат така често.

Па, тешко дека ќе има подобар наратор за шминкање

Ники Туторијалс, шминкерка со 11 милиони претплатници на Јутјуб, неодамна потпиша договор со Марк Џејкобс соработка, и меѓу другото најави „занимливи проекти.” Никој не предвиде дека под тој термин се крие соработка со Снуп Дог како наратор за туторијал.

Од кај толку слободно време?

Ајде да речеме дека е 2019-та и дека треба да се помириме дека нема што да имаме мислење за луѓе, поточно жени што решиле да не се депилираат. Никогаш. Ама, сега сакаат да ни забранат и да имаме мислење околу тоа што некои од нив, не само што пуштаат влакна - туку ги фарбаат во виножито.

Ванс и Хари Потер

Ванс објави минатата недела дека ќе додаваат нова тематска колекција, а воодушевувачкото и мачното истовремено е што ќе биде на тема Хари Потер.

Газ значи интелигенција и здравје

Не се јадете што се утепавте од јадење за празнициве.

Богот на сандалите е милостив

И ова е факт, од проста причина што не ни се наметнува елегантниот (и секако поубав) модел на сандали без платформа. Напротив, платформата никаде не оди.

Kолку е лесно да лажеш на Инстаграм, тоа е чудо

Ова го докажува една инфлуенсерка, за која сигурно не сте чуле, ама тоа не значи дека поентата не ѝ е добра. После еден куп слики од Коачела, вади видео дека воопшто не била и дека сè било лажно.

Зошто сте такви, бе?

Сме се расправале сто пати. Вагината не е фрижидер, не е осило, не е ќеса за поклон и не е тенџере. Престанете да ставате што стигнете внатре. Ако не ни верувате на нас, верувајте бар доктор кога ќе ви каже. Доктор што ќе се акне од земја што мора ова да го каже во 2019-та година.