Како да се забрза туширањето?

Може некој ќе почне и почесто да се тушира со овие решенија.

Не го пуштајте тушот пред да бидете спремни

Пуштете вода кога планирате да влезете под туш, не неколку минути претходно, додека се шетате по купатило избезумени од спиење. Ако на водата ѝ треба време да се стопли, тогаш во ред, дајте ѝ 30 секунди, ама не морате да миете заби додека се слева вода без врска.

Пробајте регенератор што чисти

Наместо да одите со ритуалот шампон, па регенератор, пробајте сè-во-едно регенератор за да заштедите на време. Не само што се ефикасни, туку се супер и за ненормална коса благодарение на отсуството на детергент. Ако нема тоа кај нас, следна опција ви е 2 во 1 шампон.

Мулти-таскинг

Брич? Почнете откако ќе ставите регенератор што треба да отстои неколку минути, плус користете масло за бебиња наместо пена или сапун. Тоа штеди време откако ќе излезете, затоа што нозете ви се автоматски намачкани.

Исклучете ја водата додека правите нешто друго

Ако ставате производ во коса, или правите пилинг на тело, нема потреба водата упорно да тече. Исклучете ја и така заштедувате неколку литри. Или, ако сакате уште поголема ефикасност, пробајте „морнарски туш” - техника со која се мокрите 30 секунди, исклучувате вода, се шлапате со сапун, па уште една минута се плакнете - готово.

Завршете со многу ладна вода

Стимулира циркулација, затвора пори, ги запечатува кутикулите на влакната и многу брзо ве вади од туш-кабина.

27 септември 2019 - 13:02