Покрај осетот за одлично име на компанија (замислете ги сите тие ѕверови што утре ќе кажат „Јас сум од Girls Who Code и светот ќе падне на газ), Сауџани амбицијата ја има научено дека како жени, склони сме кон совршенство повеќе отколку храброст.
Не зборуваме за онаа храброст кога треба да заштитиш некој свој, или треба да ѝ погледнеш на опасноста во лице. Зборуваме за храброст на едно посветовно и современо ниво, кога од човекот се бара да ризикува за да успее, или барем порасне како личност. Ни во Силиконската долина не те сфаќаат озбилно ако немаш барем два пропаднати стартапи.
За вистинска иновација, според нејзе, не можеме половина од популацијата да ја оставиме назад. „Сакам сите овде да на секоја млада жена што ја познавате, да ѝ кажете дека несовршенството треба да ѝ биде удобно.”
Проблемот настанува уште од рана возраст, кога свесно или несвесно ги учиме ќерките да бидат културни, фини и добри, додека синовите ги охрабруваме да не дозволуваат непочитување, да бидат упорни и да издржуваат.
Тој наратив го негуваме и кога сме сите возрасни, па вадиме бисери од типот „Не ѝ личи на една дама да пцуе.”
Среќа па има поправка: