Со сексуална работа до 500.000 долари годишно

Пак да си работите сметководство.

Не, воведот е шала. Токму таква што не е фер кон сексуалните работници и нивниот апсолутно реален слоган „И сексуалната работа е работа.”

Но, како што објаснуваат и тие што го заработуваат тој половина милион, ваквиот тип на работа им е релативно лесно достапен на жените, нуди добра заработувачка и финансиска слобода и независност, па токму тоа е причината што делот од популацијата што се залага за конзервативни вредности го гледа како толку страшна закана.

Проблемот, отсекогаш е што - полицијата не може да те заштити ако си дел од криминализиран пазар. Болестите полесно хараат, а насилство има колку што не може ни да се замисли.

Од друга страна, во земји каде што сексуалната работа не е демонизирана, работникот сам одлучува „како ќе се организира”, а дали тоа на луѓето ќе им одговара или не - баш и не мора да бидат прашани. Доволно е само да не пречат.

И иако Њујорк може наскоро да стане и првата американска држава каде што сексуалната работа ќе биде декриминализирана, луѓето од овој свет сè уште се соочуваат со довикувања, напади, проблеми и осуда.

Ние до кај сме ич да не ни помислуваме.

30 септември 2019 - 02:54