Што сакаш за роденден? Родово-неутрална кукла од Мател

Позитивна вест е, ама нешто горчи.

Дете отвора кутија. Почнува да скока и да вришти од радост - што и не е така необично за еден ходник во канцелариите на Мател, каде што се тестираат нови играчки. Оваа играчка конкретно е кукла и ретко се случува родителите да донесат машки деца во овие истражувачки групи, за да играат со кукли. Уште поретко е машко дете да се воодушеви од куклата како детето што сега ќе го претставиме. Се вика Шиа.

Има 8 години и себеси се смета за родово-флуиден. Една недела му е омилена црна боја, една недела розева, понекогаш си игра со куклите на неговата помала сестра, но истакнува дека тоа се „многу женски играчки, принцези и такви работи”.

Некој би рекол дека ова е сосема нормално однесување за дете, но има родители кои одлучуваат да го категоризираат тоа и во поинаков правец, а ние немаме доволно познавања од темата да заклучиме дали се во право.

Оваа кукла, со детско тело и детски црти на лицето, повеќе личи на него. Потоа решава да ѝ стави „друга коса”, односно, на куклата ѝ става долга русокоса перика и куклата веќе не е тој, туку сестра му.

Простете за непопуларново мислење: Имаме малку проблем озбилно да сфатиме родители што брзопотезно му објаснуваат на детето „Сине, па ти си родово-флуиден” и му даваат име Shi’a.

Значи куклата може да биде машко, женско, ниедно или и двете. Мател ја вика првата родово-неутрална кукла и се надеваат дека таа ќе редефинира кој „смее” да си игра со кукли кои традиционално се резервирани само за половина од детската популација во светот. Внимателно маникираните карактеристики не оддаваат никаков пол: усните не се премногу полни, трепките не се предолги, а вилицата не е преширока. Нема гради како на Барби, или рамена како на Кен. Секоја кукла изгледа како 7-годишно дете со кратка коса, но доаѓа и со перика со локни и гардероба што ќе му дојде позната на секое модно освестено дете: дуксери, патики, маици со натпис, зелени и жолти бои, сукњи од тул и маскирни панталони.

Ќе биде 29.99 долари и дури и заменките ќе варираат - тој, таа, тие и една што ни е нова - xem, а слоганот е „Кукли дизајнирани да ги отфрлат етикетите и да ги прифатат сите”.

Со ова опфаќање на транс и небинарни идентитети, компанијата се клади на времето што доаѓа, дури и ако тоа значи дека ќе оттуѓи доста голем дел од популацијата. Едно истражување од 2017-та покажува дека иако 76% од јавноста поддржува што родителите на ќерките им купуваат традиционално машки играчки, само 64% се согласуваат со обратното.

Од Мател ќе речат:

„Ако може да учествуваме во создавањето на идејата дека и машко дете може да игра со кукла и девојче може да игра со кола, значи дека сме придонеле кон подобра, почувствителна перцепција во светот. Најмногу заради децата што ќе се сретнат со вакви предизвици, ако можеме да им го олесниме тој момент во животот, и ако сме креирале нешто поради кое чувствуваат дека некој ги препознал, тогаш тоа е прекрасно.”

Ова што го прави Мател е за поздрав, чисто заради фактот што нема смисла да ги ограничуваш децата додека се мали, а богами ни кога ќе пораснат.

Но, самиот факт што има родители што на своето 8-годишно дете побрзале да му објаснат што е gender-fluid и побрзале да го научат дека тоа му е етикетата (а нели, свет без етикети?) е така, малку непријатно. Шиа да е жив-а и здрав-а, и како сака нека си го живее животот - машко, женско, средно, небинарно, пансексуално, само него да му е арно. Ама, толку ви се брзаше бе, родители?

Простете за непопуларново мислење: Имаме малку проблем озбилно да сфатиме родители што брзопотезно му објаснуваат на детето „Сине, па ти си родово-флуиден” и му даваат име Shi’a.

26 септември 2019 - 11:39