Кој им е инспирација на Тина Тарнер, Донатела Версаче и Вера Ванг?

Денес овие жени инспирираат други. Но, во еден момент, се случило нешто, поточно некој, што ги претворил во инспирацијата која се денес.

Тина Тарнер:

Мене отсекогаш ми била идол Џеки Кенеди Оназис. Вкусот ми беше префинет, па кога се работеше за примери, гледав во жените на претседателите. Се разбира, тогаш бев фармерче што сонува во сред поле и посакува да е „некоја таква”. Но да бев таква, мислите дека ќе можев да пеам со овие емоции? Така се пее затоа што си чувствувал болка во срцето. Моето семејство не е такво кралско. Зошто ми е блиско тоа, не знам. Во таа класа сакав да бидам. Но не бев, па се справив со класата во која бев.

Донатела Версаче:

Да не беше брат ми Џани, немаше да бидам овде денес. Јас сум поинаква. Тој кршеше бариери. Не се плашеше. Покажуваше секс. Во тоа време, некои велеа дека е вулгарно, таков збор му закачија, но, знаете, жените го обожаваа тоа што Џани го правеше, не затоа што беше разголено, туку затоа што им даваше моќ. Им велеше да не се плашат од нивната сексуалност. Дека е дел од нив. Денес за сексот зборуваме како да не е ништо, но Џани тоа го правеше пред години.”

Вера Ванг:

(За Ралф Лорен) Почна со интервјуто. Седев со него во неговата канцеларија - веќе ја имаше империјата - и првото прашање му беше: „Што не ти се допаѓа кај мојата облека?” Како астероид да ме мавна. Реков, „Сакате да ви кажам што би сакале да слушнете? Или ја сакате вистината?” Ја побара вистината. Па бев искрена и си помислив, нема шанси да ме вработат. Но, ја добив работата. Ралф е сосема сигурен во себе и што претставува неговиот бренд. Не можеш така лесно да го предомислуваш… Мислам дека кога работиш со некој што има таква визија, освен ако не си глув, глуп и слеп, нешто мораш и да научиш.

Уште инспирирани жени, тука.

3 октомври 2019 - 00:00