Ако сме реални, не се ова само парижани и Французи на сликиве... Има гости од секаде, ама едвај некој да дозволил градот да влијае на изборот. Дури и би можеле да се кладиме дека тие „еднобојните” и ненаметливите секако биле такви, па затоа и тука се. Другото... Па, ви текнува на Токио?
Тука сме некаде.
Почнуваме со една одлична комбинација за детски роденден во игротека. Поточно, ако не ви е жал да ризикувате да некој да ви истури сокче на шалот.
Шала на страна, стварно е за поздрав. Чизмите особено.
Еве некој што решил дека ќе го прати ненаметливиот стереотип и претерал. Освен ташната. Ташната е супер, и да не е таква глупа боја, веројатно би идела на wishlist.
Еве на пример криминал што не би требало да пројде, а сепак, го има во The Cut, на уредно селектирана листа: „Најдоброто од улица, на Париската модна недела”. Значи, како што е кажано сто пати - сè проаѓа.
Ве поздрави џемперот. Ама во комбинација со косата, тенот, карминот и сукњата? Не може секој, ама девојчево може.
Жива среќа што девојкава со Гучи чорапи и врхунски штикли не се прошетала вака кај нас на плоштад. Зналачката страна на локалниот Твитер што досетки ќе исфрлеше!
Сè си функционира. Периката, шминката, накитот, црвената боја... Но! Зошто упорно се трудат да ги вратат овие жални рибарски капчиња сепак ќе остане мистерија.
Еве, колку да не заборавиме дека е сепак настан во Париз:
И тука:
И Џулијан Мур, браво:
И единственото нешто што можете да си го дозволите од Диор:
И оваа глупа капа со оваа одлична јакна:
И млада жена облечена како жена во години:
И ова, што и не е така лошо:
Маж што знае да носи ташна за глувци:
Маж што неодоливо потсетува на Фли:
Онака, освен ташната, заради која Баленсијага и ќе престане да нервира:
Ова малку како влијание на Москино и ХМ:
Кога капата ти е како абажур или вазна од кај баба ти:
Кога капата и деталите ти се ЦАРСКИ:
И кога имаш години, ама па ШТО АКО.
Друг пат пак да ги карате луѓето што излегуваат со мокра коса:
Уште една, прилично јака ташна за глувци:
И после сè погоре, ова е онака:
Ова е не:
Менѓушата да му/ѝ/им ја имам:
Клик овде:
Онака:
Фино:
Списоче: да се купи плав молив или туш:
Значи овие цвикери можеле и добро да изгледаат:
Би го носеле каишов?
...Не мора све да разбереме:
Па... супер:
Уште посупер:
Во ред, како што кажавме, не мора све да разбереме:
И завршуваме со: ок.
Ете го Париз на улица.
Којзнае во каква состојба е сега Скопје на улица.