Што има на улица во Токио?

Друг свет има, ете тоа.

Обично за улична мода, пристапот е едноставен - еве ги сликите, и јас сакам тоа, тоа, тоа и тоа. И сè. 

Од тоа што го носат луѓето на улица во Токио, не сакаш баш сè. Не можеш да се видиш себеси во тие цокули и тие фармерки. Не ти е до крај јасно.

Што не значи дека можеш да тргнеш поглед без проблем.

Видете Токио што прави:

И маските им изгледаат како дел од аутфитот:

Кај е ова? Што е ова? Зошто личи на телевизија, а не на реален живот?

Колку години има? 14? 40? 400?

Овие на пример не се предалеку од најоткаченото видено на улица во Њујорк или Лондон. А сепак, различно е.

Овде што? Чизми од Присила Присли, панталони од италијански чаршав и горе модерна боја? И пак не му се лутиш на изгледот. Овде тоа works.

Тоа десно е боље од тоа лево. А и двете сеа реално добри. Најлево (најзападно?) е најблиску до нас.

Би можеле ли вака на работа?

На дејт?

На пазар?

Загледајте им ги чудата на нозе. 

Пред околу 15 години во Лондон, после неколку примери, го донесовме следниот заклучок: Видиш ли чуда на нозе - Јапонка е.

Локално, веројатно си чуден ако кондурите ти се како на таа позади. А ова напред - одлично. 

Ете го пак доказот за заклучокот од Лондон:

И еве го пак - со тоа што овде е најверојатно Баленсијага во прашање. Еднаш веќе кукавме на темата.

Еве уште еден аутфит за на кафе.

Ќе ви текне ли некогаш вака да си ги потресете фармерките?

Нема. Треба да си од друг свет за да ти текнуваат вакви работи.

извор

30 октомври 2018 - 00:00