Пораката, оставена на списоче на ствари што модната куќа ги правела од почетокот до сега за да биде што е можно пофрендли со околината, стоело и:
„Во Стела Макартни, ја предизвикуваме модната индустрија секој ден да биде подобра, поставувајќи прашања за нештата и водејќи кон промени.”
Меѓу предизвиците е и отсуството на кожа и крзно уште од првиот ден, користење на органски памук од 2008-ма наваму и ветување дека ќе се ослободат и од пластика, меѓу другото. Да, рековме дека сите брендови покажаа иницијатива, но само Стела е до ова ниво посветена на одржлив бизнис - одат до толку во детали, што не користат ни ангора крзно, ни лепак на патиките.
Самата облека ја отсликува нејзината опсесија со опуштени кроеви и фустани лесни за носење. Пораката ја вметнува како во Тројански коњ, преку шик и секси облека (како што треба сите да прават за сè), во беж, камила и зелени и плави бои, како пустина во комбинација со тропско море.
Стела сака да каже:
„Ве канам сите да ми се придружите во оваа борба, храбри и надежни, бестрашни - затоа што заедно можеме да изградиме подобра иднина.”
И ако направи вегетаријански Стен Смит, којзнае што се друго може.