Мрачната страна на „Friends”

Вуди Ален еднаш има кажано дека посакува да бил трагичар наместо комичар и излегува дека навистина трагедијата старее подобро од комедијата. Со социјалните мрежи и дигиталната телевизија, се очекува овој процес и да се забрза, а ситкомите да се заборават поради затоа што ги гази времето. Но, ова очигледно никако да се случи со Friends.

Првата епизода излезе пред скоро четврт век, а лани стана втора најгледана серија на Нетфликс во Америка. Особено е омилена меѓу оние што се премлади да се сеќаваат на премиерата, благодарение на Нетфликс.

Доброто сценарио и екипата ја одржуваат релевантноста на серијата, а придонесува и фактот што наводните прогресивни гласови на мејнстрим медиумите се изнервирани - баш како нарачано за новата генерација што се труди да се бори против таа усилена „разбуденост” на 21-виот век.

Доста глупости се изнапишаа за Friends, како што наближува 25-годишнината. На Базфид имаше статија каде што серијата беше опишана како „серија за белци што се слаби,” и уште една со наслов „26 многу неприкладни моменти во Friends што не држат вода во 2019-та”, каде што ги канат читателите сите заедно да се потресуваат на „проблематичните” шеги од минатото. Други медиуми се качија на возот, па така видовме наслови како „Миленијалците што гледаат Friends на Нетфликс се шокирани”, па „Friends проблематични до бесвест”, па нешто дека „претставува униформирана привилегија на ’90-ти и според тоа во таа ера и треба да остане”. Авторите на сите овие статии се однесуваат како стара библиотекарка што прешкртува срамотни работи во „50 нијанси сиво”, како што ќе каже Ендру Дојл, колумнист на Спајкд, што баш го нервираат овие „разбудени” бркачи на трендови.

Сите тие статии се „пуста желба” во пракса; овие критичари не ги одобруваат Friends, па се преправаат дека помладата и попросветлена публика е нешто унередена. Методот е да се цитираат по 5-6 твитови од неколку уштиркани миленијалци и млади за со тоа да се вмеша цела една генрација. И не држи вода.

Ајде да разгледаме еден пример што рутински му се суди дека е проблематичен. во The One with the Metaphorical Tunnel, Рос се вознемирува дека син му Бен се заиграл со Барбика. Рос е загрижен затоа што Бен живее со мајка му и нејзината девојка, па може да стане геј. Рос се обидува да го одучи син му од Барбиката со тоа што му пика кукла за машки, но залудно. Од Космополитен беа згрозени што Рос е „мегафон за конформизам и стереотипи”. А баш овде лежи шегата. Серијата не ги оправдува стравовите на Рос, туку нè кани да им се смееме. Самиот факт што ова бара објаснување предизвикува главоболка.

Кога ја прашале зошто серијата е уште популарна, ко-креаторката Марта Кауфман ја опишува како „храна за тешење”. Вели, „топла е”, „те кани. Сакаш луѓето да ти дојдат дома.” Ова и не е интерпретација што би му текнала на Кауфман. Вели,

„и во раните денови, ме привлекуваат трансгресивните елементи и зошто некој би поканил таква урнебесно дисфункционална група дома не би знаел. Што значи, пуританците од Базфид се во право и Friends е крајно проблематична серија.

И фала богу што е така.”

25 септември 2019 - 13:00