Во студениот, стерилен свет на машките Инстаграм-фотографии

Стрејт-мажите сакаат да прават ‘сериозни’ фотографии, наспроти селфи, или што и да мислат дека жените прават - па фотографираат предмети и бетон.

Постои нов начин благо да се исмеваат стрејт-мажите, а се користи онаа Инстаграм естетика што најчесто се наоѓа кај нив. „Ако сакате да видите како ќе изгледа светот без луѓе, ѕирнете на Инстаграм кај стрејт-тип,” твита Лиса Мекинтајер, по што следат над 1200 ретвити. Според писателката Прија Алика Елијас, гридот на секој стрејт дечко е ваков:

- две слабо осветлени слики од место за фаст-фуд во друг град.

- една слика од небо и згради со едно емоџи.

- пет слики од улици, без луѓе.

- една слика од него со нечие куче.

Ваквата естетика се одликува со избегнување на луѓе, топлина и емотивност, во прилог на студени, божем уметнички кадри од статични објекти, особено згради.

Ова е не е прв пат некој да истакне дека мажите сакаат да се дефинираат себеси наспроти женственоста и дека машката уметничка естетика е често „самопрогласена сериозност”, анти-социјалност и отсуство на радост.

Кодови за тоа како да се биде мажествен - барем според традиционалниот концепт на родовите улоги - се појавуваат насекаде: во сали за состаноци, во спални соби, па дури и во уметничкиот свет. Мажите се очекува да се стоички, резервирани и неемотивни, па според тоа, кога ќе ги видиме овие квалитети рефлектирани во уметноста, и на делото му е доделена автоматска сериозност со самата асоцијација на мажественост. Од друга страна, уметничките дела кои вријат од женствена социјабилност и емотивна топлина се отфрлаат како недоволно вредни, што изгледа е резултат на легија од млади машки фотографи кои очајно се обидуваат да си ја уредат Инстаграм естетиката за да остава впечаток на сериозна и машка.

„Ја валоризираме оваа емотивна отцепеност кај мажите, па се користи тој тон, дури и кога се работи само за Инстаграм,” објаснува Елијас. „Мажите објавуваат слики од нивните девојки и жени со коментар од типот ‘Ручек со оваа. Фала ти што ме трпиш,' и тоа за нив е излив на емоција. Премногу се плашат да бидат отворено ентузијасти.

Машките фотографии се студени и стерилни, исто како и нивните коментари. Не знам баш дали стрејт-мажите се свесни дека уметноста може да биде и топла, или дека ти е дозволено да имаш чувства за стварите што ги фотографираш. 

Дури и ако се работи за обична зграда.”

25 септември 2019 - 13:37