Веќе никој не сака да мириса на Џеј Ло

Во раните 2000-ти, сите сакаа да мирисаат на Џеј Ло, Бијонсе или Бритни Спирс и тоа знаеше да чини некои 30-тина евра. Десет години подоцна, овие парфеми почнаа да фаќаат прашина и на нивно место дојдоа брендови за кои никој немаше чуено, шишенца од 100 евра па нагоре и нов збор - niche.

Наследникот што си ја скалпираше девојката

Се работи за еден од најмонструозните случаи во поновата историја на Лос Анџелес - убиството на украинската манекенка Иана Касиан од страна на нејзиниот партнер, канадскиот сценарист и автор на стрипови, Блејк Либел, патем наследник на милиони. Злосторството, кое вклучувало тортура, скалпирање и оставaње на жртвата да искрвари до смрт, форензичарите го опишале како нешто што ретко се гледа дури и во воени услови.

Новата реклама на Е.л.ф: Промашување, или одличен публицитет?

Луѓето прашуваат како може бренд што историски поддржува жени, да го ангажира Мет Рајф.

Jајце-клетките можат да останат „свежи“ со децении

Новите истражувања носат неочекувана вест: јајце-клетките можеби имаат тајна заштита од одредени оштетувања што се појавуваат со стареењето.

Знаете дека постои „професионално чешање грб“?

Она што некогаш било интимен гест, за близок или за партнер, денес е бизнис вреден стотици долари на час.

Забранети две реклами на Зара поради „нездраво слаби“ модели

Британската Агенција за стандарди во рекламирање ASA забрани две реклами на модниот бренд Зара, оценувајќи дека прикажуваат модели кои изгледаат „нездраво слабо“.

Да видиме кој тоа реагира на изгледот на Памела Андерсон

Памела Андерсон веќе неколку години се појавува на настани без шминка и без оптеретување кој што ќе каже, што пак, не ги спречува луѓето да си кажат.

Нови височини на функционалната глупост: Газење Биркин

Еден од најновите модни апсурди го вклучува - држте се добро - намерно уништување на Биркин чанти. Истиот Биркин што чини колку стан во центар и што до вчера се чуваше во посебни сефови, како очи во глава.

Приказната за Стефани Кволек и нејзиното чудо наречено Кевлар

Понекогаш најголемите откритија се раѓаат од љубопитност и тврдоглавост. Така е и со Стефани Кволек - хемичарка која, без да планира, создала материјал што ќе спаси илјадници животи ширум светот.

Учиме за Елен Сволоу Ричардс: Пионер во спојување на наука и секојдневен живот

Елен Сволоу Ричардс била американска хемичарка, едукаторка и пионерка во примената на науката за подобрување на секојдневниот живот. Родена е во Масачусетс, таа станала првата жена што дипломирала на престижниот Масачусетски институт за технологија, иако во тоа време високото образование за жени било речиси недостапно.

Да ви пратам еден филм, да ми направите анализа?

Од прилика вакво барање добивме, OffCafè и Bookbox, на мејл, и тоа не за Бергман или Фелини, туку нешто од другата страна на спектарот - романтична комедија од 2008, со сите очекувани елементи на романтична комедија од 2008.

„Ајкула“ и двата музички тона што засекогаш го сменија Холивуд

Многу филмски историчари го сметаат филмот „Ајкула“ за првиот вистински летен блокбастер. И озбилни се тврдењата дека овој трилер на Стивен Спилберг, заедно со језивиот саундтрак на Џон Вилијамс, не само што ги наполни кино салите, туку и засекогаш ја смени динамиката на филмската индустрија.

Има ли надеж за интернетот?

Дали е можно дигиталниот свет повторно да стане место на грижа, љубов и заедничко добро?

На мажите им се случува (многу убава) револуција кога ќе наполнат 50

Штом мажите наполнат 50, нешто почнува да се менува. Не одеднаш и не драматично, ама тивко и спокојно, додека еден ден не го начекаш залегнат на кауч со серија во време кога религиозно одел во кафана.

Конечно, нова ера за женското здравје

Тампон кој не протекува. Тест за рак на грлото на матката што можеш да го направиш дома. Апликација што ги следи симптомите на перименопауза и ти дава јасност во еден период полн со прашалници. Не се ова само „јаки пронајдоци“, туку конечно реални решенија за реални проблеми кои предолго беа игнорирани.

Шеин ќе плати милион евра казна за „еколошката“ колекција

По низа обвинувања - од кражба на авторски права и прекршување на патенти, до непочитување на стандардите за пристапност, па дури и рекетарство - модниот гигант Шеин сега се соочува и со казна за „greenwashing“.

Кога туѓата слобода е закана

Најнеслободни се луѓето што се плашат од туѓата слобода.

За Кери Бредшо, Сара Џесика Паркер

Не знаеме дали е за оплакување или за радување веста дека со универзумот „Сексот и градот“ плус „И едноставно така...“ се заврши. Првото беше одлично. Второто го упропасти првото, не разбравме зошто, ама го гледавме. Сепак, целиот тој свет заслужува емотивно збогум.

Инфраструктурата за попреченост е инвестиција, а не трошок

Малите спуштања на тротоарите, што најчесто ги гледаме по странство (имаме ли ние уште тротоари?) на прв поглед личат на една ситна корисност „за точаци“, како урбана интервенција без многу значење. Всушност се за инвалидски колички, но со тек на време, поради потребата за олеснување на движењето на луѓето во инвалидски колички, полесно поминуваат и велосипеди и куфери со тркалца.

Како да бидеш подобар соговорник?

Ние тука имаме проблем. Повеќето луѓе комуницираат ограничено, без намера, без свест, исклучиво со цел да си кажат тоа што имаат, да се направат паметни, или да завршат што намислиле. А, постојат начини за базично пристојна комуникација.

Дискурсот е расипан

Како стигнавме од реклама за фармерки со Сидни Свини до културна војна?

Лабубу: Како едно грдо кукличе стана глобален феномен?

Без разлика дали ви се симпатични, грди или само чудни, веројатно веќе имате слушнато за влакнестите кукли што уште од фрижидер не излегле.