И дали ја најдовме смислата на животот во случајно видео на ТикТок?
Рандом корисник, видеото завршува со нешто промотивно веројатно, ама тоа е небитно: идејата е живот со доволно. Да можеш да се разбудиш и да пиеш кафе без брзање, да можеш да помогнеш на семејството и пријателите, да можеш да си дозволиш милениче и да не паничиш кога некој е болен. Да биде мирно. Не пари „да не знаеш што да им правиш“, туку - доволно за раат.