
Како успеавме да се умориме и од внимание кон себе и од сопствените чувства?
Првата причина лежи во перцепцијата на грижата за себе, на самоподршката како резултат. Социјалните медиуми често ја прикажуваат како совршени утрински рутини, домашни спа-сесии или креативни активности, што создава притисок да се постигне токму тоа. Наместо да биде слободно и пријатно искуство, тоа станува нешто што „треба да се направи“.
Потоа - количината на активности и информации. Кога самоподдршката се претвора во список од задачи - мора јога! Медитација! Journaling! Здраво готвење! Планови за спиење! - нормално дека ќе се изгуби нејзината основна функција: да обезбеди пауза и емоционална регенерација. Луѓето почнуваат да чувствуваат стрес бидејќи не ги исполнуваат сите стандарди за „добар self-care ден“ затоа што имаме работа со феномен на перформативна самоподдршка - наместо да се фокусира на лична потреба, вниманието се насочува на тоа како активностите изгледаат за други или дали се доволно ефикасни. Ова ја намалува автентичноста и може да создаде чувство на вина и фрустрација.
Решението лежи во промена на перспективата - просто, self-care треба да се врати во својата основна функција: грижа за себе и задоволство. Не постои универзален рецепт - активностите кои навистина носат радост и релаксација се различни за секого. Едноставни моменти како кратка прошетка, слушање музика или читање книга можат да бидат подеднакво ефикасни како плаќање викенд во отмен спа-центар што ќе го објавиш на Инстаграм. Најверојатно и поефикасни, ако на второво е целта само Инстаграм.
И да се научиме дека самоподдршката не смее да се третира како задолжителен ритуал, туку како можност за пауза. Свесното планирање на време за себе, без чувство на вина, овозможува емоционален и ментален одмор. Овој пристап ја враќа радоста и задоволството од негата.
Реална грижа за себе и нега на духот треба да ослободува, а не да додава стрес, затоа што пред сè е процес на грижа и внимание кон сопствените потреби и кога се применува на овој начин, останува ресурс за енергија и благосостојба, наместо уште една обврска на листата задачи.