Каде (и дали воопшто) греши Мили Боби Браун?

Многу се храбри луѓето во критикувањето на една девојка која едвај има 21 година и растеше пред очите на јавноста, си брка работа, спасува животни и е една од најголемите ѕвезди во светов во моментов. А сепак, самиот факт што е јавна личност ја изложува на разгледување од различни аспекти - еден е брендирање и маркетинг. И една експертка смета дека некаде Мили Боби Браун ја има згрешено работата.

Zoe Unlimited е многу интересен Јутјуб канал, каде што авторката користи славни личности, многу актуелни и интересни за новата (па и останатите) генерација и ги анализира како студија на случај, во обид да им ги доближи финтите за маркетинг и брендирање на луѓето што ги интересира токму тоа - маркетинг и брендирање. И тоа, без разлика дали се работи за фирма, или за личен бренд.

И овој пат - каде згреши Мили Боби Браун?

23 декември 2025 - 22:27