Кој сака бизарна мотивација за чистење?

Прво е смешно, после сфаќаш дека е корисно. Просто е - ако има гомно на него, ќе го фрлиш, или ќе го испереш?

На светот очигледно му е сè потешко да зачисти по дома, штом му текнуваат вакви работи.

Од купиштата теории што се врткаат по ТикТок, ова мора да е една од најиновативните, затоа што сме чуле за „размисли што би спасил во пожар и поплава“, ама за ова не.

Значи кога се обидуваш да фрлаш ствари од дома при чистење и кога ќе те фати шубе да не „нема смисла да го фрлиш“ и „да не ти се најде“, и „може пак ќе го облечам и може ќе ослабам“ - значи главно кога не знаете дали нештото треба да го задржите или не, запрашајте се:

Да имаше гомно на него, ќе го фрлев или ќе се потрудев да го измијам/исперам?

Многу просто, нели?

Иако е раширено на ТикТок, сепак доаѓа од терапевт (што го посетува Бека Карл, девојката што го рашири на ТикТок).

На пример, стара козметика би било грозно, нели? Терапевтот ми рече „би го миела ако има гомно на него? И јас реков апсолутно не, нема шанси да се измие тоа. И тој рече - токму така. А ако имаш гомно на кошулата што ја носиш секој ден на работа? И му реков дека најверојатно би се потрудила да ја исперам.“

И луѓе што слушаат за методов, се фалат дека, може методот на Мари Кондо („Дали ти предизвикува радост?“) не им влијае, ама затоа - гомното е полн погодок.

Има и објаснување зошто толку одговара, особено за луѓе со АДХД:

Многу луѓе со АДХД се соочуваат со предизвици да користат извршувачки функции - вештини што помагаат да се преведат мисли ориентирани на комплексни задачи во активности насочени кон цел, што помагаат да се преземе извршувачко дејство. Оваа стратегија (за пациенти со смисла за хумор) помага, затоа што се обраќа директно до одлуката дали да се задржи предметот или не.

Значи, да имаше гомно на него, ќе го чувавте?

9 јануари 2026 - 11:10