
Со подемот на брзата мода и hoodie-културата во 2000-тите, облеката почнува да ја губи таа логика. Линијата на струкот веќе не се гледа, силуетата се издолжи без структура, а висината визуелно се скрати. Не се работи само за естетско прашање - човечкото тело се витка токму во струкот и кога облеката оди под таа точка, ткаенината се собира, го отежнува движењето и губи стабилност.
Карличните коски се природна средишна точка и се речиси како закачалка за панталони - затоа и кога стојат баш таму се стабилни. Ги спуштиш ли заради мода, почнуваат со лизгање и неудобност. Истата логика важи и за горниот дел од телото - торзото се движи напред, назад и странично, затоа пилотските и моторџиските јакни секогаш завршуваат на струкот. Просто, се следи скелетот.
Зошто вака? Луѓето често мислат дека oversized облеката е поевтина за производство, ама не е така и не лежи таму зајакот. Поголемите кроеви бараат помалку прецизни прилагодувања, што им овозможува на брендовите со една големина да опфатат повеќе тела. Тоа е полесно за продажба и попрофитабилно.
Резултатот се две децении мода водена од „да им е удобно на производителите“, а не од анатомија. Затоа постарите кроеви изгледаат подобро - не е толку до вкусот што го имале луѓето порано, туку затоа што просто носеле облека што ја следела формата на телото.
@fuseinatti (10) 80’s Sports Jacket — Skeleton Logic
♬ original sound - Fuseinatti