
Како се прави?
- Многу додатоци одеднаш: шноли, брошеви, играчки, нараквици, прстени, ѓердани - често десетици
- Светли, „кич“ бои: розова, неон зелена, жолта, виолетова
- Карикатурни и детски мотиви: Hello Kitty, срца, ѕвезди, цртани ликови
- Слоеви: маици врз маици, чорапи врз хулахопки, здолништа врз панталони
- Коса и шминка: разнобојни екстензии, шноли насекаде, налепници на лице, блескава шминка
Филозофијата зад стилот не се врти околу „убавото“ во класична смисла, туку е израз на индивидуалност, игра и отпор кон минимализмот и модните правила. Потекнува од младинската култура што сака да биде гласна, разиграна и намерно претерана и во Јапонија, стилот често се поврзува со идејата за kawaii (слатко), но и со бунт против социјалниот конформизам. Прв пат се појавува кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-тите, а денес има носталгичен призвук и мал revival што главно се гледа на интернет, каде што младите го мешаат со кибер-панк елементи, па и направи-сам и култура на купување половно.