
Не само што е возможно, туку може да биде и здрава промена - наместо визуелна стимулација од екран, имаш имагинација и ментална стимулација, кои овозможуваат подлабока поврзаност со сопственото тело и сетилата.
Од друга страна, прекумерната употреба на порнографија може да доведе до десензитизација - намалена емоционална и физичка реакција на сексуални стимули, што може да се одрази како помала возбуда, сексуални тешкотии и помало задоволство од реалната интимност. Оргазмот без порнографија, му дава можност на мозокот да се „ресетира“, односно повторно да стане чувствителен на природни извори на задоволство, преку регулирање на допаминскиот систем.
Од дополнителни непријатни вести, порнографијата може да го зголеми ризикот од компулсивно однесување и зависност, бидејќи постојано го стимулира мозокот со нови и поинтензивни содржини. Мастурбацијатата без порнографија го намалува овој ризик и може да придонесе за пореална перцепција на сексот.
Ја почнуваме 2026 со здрави дилеми.