550 евра казна за палестинско знаме?
29 April 2026
- Претседателот на подмладокот на Левица, Андреј Куцуловски, кој вчера попладне беше уапсен, е пуштен од полициска станица со изречена казна од 550 евра за „поттикнување насилство и омраза“ (??) поради истакнување на палестинското знаме за време на ракометниот натпревар на кадетите на Македонија и Израел, во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
-
За овој ‘прекршок’ беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент. Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода,“велат од Левица.
-
Партијата обвини дека, од друга страна, полицијата со леснотија дозволува да исчезнуваат и бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизира и го остава без соодветен одговор.