Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хрватска воведува нова дефиниција за утврдување смрт

28 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Нова регулатива во Хрватска попрецизно ќе ги пропише медицинските критериуми за утврдување на смртта на лице чии делови од телото можат да се земат за трансплантација.
  • Покрај критериумите за прогласување мозочна смрт, кои досега беа дефинирани, ќе биде пропишано и утврдување на смрт поради циркулаторен застој - кога срцето и циркулацијата  престанале да работат, по што, во пропишано време и под строг надзор, функцијата на мозокот исто така престанува да функционира.
  • „На прв поглед, може да изгледа како техничка промена за усогласување на хрватскиот систем со европските и глобалните медицински стандарди. Во пракса, тоа дава одговара на реален проблем: недостатокот на органи за пациенти што чекаат трансплантација“, објаснува анестезиолотог Жељка Гаврановиќ.
  • Досега, донација на органи во Хрватска беше можна само по утврдување на мозочна смрт. Новите прописи прв пат воведуваат можност за донација по неповратно прекинување на циркулацијата.
  • Во Хрватска, секој човек е донатор освен ако не побара поинаку во текот на животот. Со 110 донори, или 28 на 1 милион жители, лани била на петтото место во светот според донации и трансплантации на органи. За една година биле извршени 121 трансплантација на бубрег, 123 на црн дроб, 30 на срце, 12 на бели дробови, 4 на панкреас и 1 на тенко црево.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

25 новинарски заповеди

Ебачина

Преписката со Ениса

Оправдание до директорот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy