САД засилено ќе проверуваат ставови на имигранти за Израел
29 April 2026
- Американската служба за државјанство и имиграција од понеделникот ги засили безбедносните проверки на биографиите, досиејата и објавите на интернет на лицата што аплицирале за престој или имиграција во САД, согласно извршната наредба на претседателот Доналд Трамп од февруари.
- Њујорк тајмс тврди дека потенцијално дисквалификувачки фактор при аплицирање за зелена карта или натурализација се и критикување на државата Израел. Изразување антисемитски чувства - особено оние што поддржуваат насилство или терористички групи како што се Хамас, Хезболах и Хутите, ќе бидат основа за одбивање на барањата за имиграциски бенефиции.
- Мерките ќе влијаат на тековните апликации за зелени карти и натурализација. Службениците добија инструкции повторно и подетално да ги проверат информациите за лицата преку обновениот систем за идентификација на ФБИ.
- „Одредени однесувања и изјави може да предизвикаат сериозна загриженост кај персоналот што го разгледува досието на апликантот, вклучително и застапување на терористички идеологии, изразување омраза кон американските вредности, застапување за насилно соборување на владата на САД или обезбедување материјална поддршка на терористички организации. Ваквите дејствија бараат подетално испитување“, соопшти Службата за државјанство и имиграција.
- Активисти за граѓански права и религиозни лидери ја осудија мерката, тврдејќи дека ги прекршува правата на правична постапка и слобода на говор и создава небезбедна средина, особено за етничките малцинства.
- „Трамп планира да ви го одземе легалниот престој во САД врз основа на тоа дали се согласува со вашиот говор. Од кога станаа антиамерикански критиките на постапки на странска влада? За кого се бори тој?“, реагираше сенаторот Крис Ван Холен.