Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ во мандатот на Барак Обама, е обвинет за лажно сведочење пред Конгресот и за попречување на работата на конгресмените.
Во краткото известување се објаснува дека обвинението е поврзано со сведочењето на Коми од 2020 година за протекување на тајни документи во врска со истрагите за Доналд Трамп и Хилари Клинтон. „Коми намерно и свесно дал материјално лажна и измамничка изјава... наведувајќи му на американски сенатор дека не овластил некој друг во ФБИ да биде анонимен извор во новински извештаи за истрага што ја води ФБИ“.
Коми возврати дека не е виновен и дека тоа ќе го докаже пред суд. „И јас и моето семејство ја знаевме цената на спротивставувањето на Доналд Трамп, но не можевме да замислиме да живееме на друг начин. Нема да живееме на колена“, порача Коми.
Тој е првиот поранешен шеф на ФБИ што е обвинет за кривични дела. Му се заканува максимална казна од пет години затвор, но правни експерти тврдат дека случајот е „слаб“ и дека ќе биде многу тешко обвиненијата да се докажат пред суд.
Коми во 2016 година ја надгледуваше истрагата за протекувањето на имејловите на Хилари Клинтон, а потоа и истрагата за руско мешање во кампањата на Трамп. Пред неколку месеци беше цел на истрага, откако на Инстаграм го објави бројот „8647“, што се смета за шифрувана порака за „елиминирање на 47-от претседател на САД“.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.