Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Портретот искасапен со сатар се враќа на галериските ѕидови

Се случило во 1914, во лондонската Национална галерија на портрети. На сликата, која била намерно оштетена, е прикажан Томас Карлајл, еден од основачите на галеријата. А сторителот била жена по име Ан Хант, која го извршила делото како дел од милитантна кампања чија цел била жените да добијат право на глас.

Четири причини зошто писателите имаат потреба да пишуваат

Некои тоа го прават заради слава, други за пари, трети за џабе. Според различни теории, пишувачкиот поттик е поврзан со сексуалните нагони, со потребата човек терапевтски да се испразни или пишувајќи да се обиде да воспостави контрола над светот и сопствениот живот. Но според Орвел сè се сведува на само неколку причини.

Врската меѓу „Денот на мрмотот“ и Чехов

Вчера (2.2) во домашни услови се случи колективно гледање на „Граундхог деј“, филмот кој имено се случува токму на втори февруари. На еден од петмината кои (колку и да звучи необично) дотогаш го немаа гледано, во моментот кога во него се цитира Чехов, му текна на расказ на овој автор, кој во некои клучни елементи асоцира на филмот.

„Доба на гнев: историја на сегашноста“ од Панкаџ Мишра

Kнига која се обидува да покаже дека гневот кој денес владее со политичкиот пејзаж и со социјалните мрежи не е нов феномен, туку е резултат на чувството на неприпадност на оние понижените, навредените или само гневните низ поголемиот дел од историјата, која постојано се повторува. 

„Инфлуенсер“ е германскиот англицизам за 2017

Победувајќи ги „блокчејн“ и „најс“, англискиот збор „инфлуенсер“, кој се користи и кај нас за влијателни поединци на социјалните мрежи, e „нај“ англицизам во германскиот минатата година.

Галерија отстрани разголени уметнички дела за да „поттикне разговор“

Oпасен преседан, начин да се поттикне дискусија или бришење на минатото? Ова се некои од реакциите на неодамнешен потег на британска галерија. 

Прва книга вкоричена во лабораториски одгледана кожа

„Чисто месо“, историја на тн. целуларно земјоделство, интердисциплинарна област која спојува клеточен инженеринг и синтетичка биологија за да дизајнира нови начини на производство на постоечки земјоделски производи како млеко и месо, има интересна обвивка. Изработена е од лабораториски добиена кожа од - медуза.

Филип Глас ја комплетира трилогијата посветена на Боуви

Славниот композитор, 22 години по последното дело инспирирано од Боуви, ѝ се навраќа на неговата музика. 12-тата симфонија, трета базирана на музика на Боуви, овој пат на албумот „Лоџер“, ќе ја доживее својата европска премиера во центарот Саутбенк во мај 2019.

Њујоршки клуб забранува употреба на „буквално“

„Континентал“, лоциран во Ист Вилиџ на Менхетен, постои од 1991. На 1 јули оваа година ќе мора да затвори. Но газдите се очигледно решени претходно да направат нешто по што местото ќе биде запамтено.

Ронгоронго - мистериозното писмо од крајот на светот

Од сите книжевности на светот, најмистериозната припаѓа на Велигденските острови, денес чилеанска територија во југоисточниот Пацифик. Таа е напишана со писмо - ронгоронго - кoe сè уште никој не го дешифрирал. А можеби е и подобро тоа никогаш да не се случи.

На Холанѓаните почнува да им пречи англискиот

За Холанѓаните масовното познавање на англискиот долго време претставуваше извор на национална гордост. Но некои од нив сметаат дека со него се претерува, и дека целата работа треба да се регулира. За Амстердам тоа подразбира и негово „бркање“ од продавници, ресторани, па дури и од продавници за сирење.

„Пост“ (The Post, 2017)

Oд моментот кога Спилберг го прочитал сценариото, до премиерата, поминало помалку од една година. Итноста на темата, за републикански претседател кој води војна со медиумите, ги мотивирало сите во екипата не само да побрзаат, туку и одлично да ја завршат работата. 

Зошто ги забораваме прочитаните книги (а богами и филмовите)?

Не знаеме за вас, но нам ни е потребен посебен напор - фаќање белешки, потцртување, навраќања - за да успееме да запамтиме за што е книгата во текот на читањето, а камоли после некое време. Можеби е до годините, а можеби до тоа дека во просек тоа е нормална работа.

„И ние, селаните, би сакале малку да читаме“

Следнава читачка вест на денот покажува како изгледа разлика помеѓу сељак и селанец - додека првите затвораат библиотеки, вторите протестираат против ваквата одлука.

„Обликот на водата“ на дел Торо е плагијат?

Пред неколку дена беа објавени овогодинешните кандидати за Оскар, а на списокот води филмот на Гиљермо дел Торо, со 13 номинации, меѓу кои оние за најдобар филм, режисер и актерка. Но целиот процес го следат контроверзи, околу тоа дали „Обликот на водата“ е плагијат на претходен краток филм, односно на драма на добитник на Пулицер. 

Најкраткиот академски текст на сите времиња

Повеќе од 40 години стар стручен текст, на чија краткост тешко дека некој наскоро ќе ѝ конкурира. Што е најважно, дури и таков тој има многу смисла.

Грчкиот политички милиброд

Благо ко благо - вкусно, миризливо, убаво легнува со млеко за појадок или со кафе попладне. Но приказната за „автентичното“ грчко цуреки содржи елементи кои не се само гастрономски, и покажува како едно обично тесто може да биде средство за потхранување на колективниот идентитет.

Жешкиот секс во средниот век

Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...

Почина Урсула Ле Гвин, дамата на научната фантастика

Жената која низ своите научно-фантастични и фантастични дела внесе филозофска длабочина и феминистички сензибилитет во овие жанрови, главно доминирани од мажи, почина мирно во својот дом во Портланд на 88 години.

За што служи љубовта?

Антонио Дамасио, веројатно веднаш по Оливер Сакс, е невронаучникот во чии популарни книги се промовира важноста на биолошката основа на она што најчесто се сместува во сферата на психолошкото - чувствата. А тие според него не се некаков нус-производ на еволуцијата, туку обратно, одиграле суштинска улога во нашето преживување како вид.

„Диетално“ веќе не продава?

Глобално, индустријата на „диетални“ производи се соочува со маркетиншка криза. Она што продава денес се производи означени како „здрави“, а не како „диетални“. Што е разликата во сфаќањето на овие два термина?

Како би изгледала весела алтернатива на „Црно огледало“?

Веројатно веќе сме доволно параноични во врска со технологијата, што замислувањето морничави сценарија во врска со нејзината иднина ни доаѓа некако „природно“. А може ли со малку напор да ја свртиме работата во поинаков правец?

Кратка историја на терминот „шитхол“

Пред некое време пишувавме за тоа како светот го преведе shithole на Трамп, опис кој тој го употреби за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Хрватска го искористи сочното „вукојебина“, Финска „шупачки држави“, кај нас „дупки“ или „свирипичино“. Но каква е историјата на англискиот термин?

И Грците понекогаш имаат смисла за хумор

Во пресрет на утрешните протести на грчката десница за името, во Солун во ист момент е закажан уште еден настан - бесплатен фотошоп семинар, само за православни Хелени. Програмата може целосно да се преземе и за некој наш едукативен собир од сличен тип.