Bookbox

Археолозите во Холандија открија необичен римски артефакт што фрла нова светлина врз верувањата и магиските практики во античкиот свет. Станува збор за мала оловна плочка со испишани клетви и повикувања на божества и демони, која била користена за нанесување штета на непријатели. Истражувачите се особено заинтересирани од необичната комбинација на јазици и културни влијанија што се забележуваат во натписот.

Паноптиконот (еден можен превод - Севид) е еден од најпознатите архитектонски и општествени концепти во историјата. Замислен кон крајот на 18 век од британскиот филозоф Џереми Бентам, тој требало да биде револуционерен модел за затвори, болници и други институции. Денес овој концепт најчесто се споменува во дебатите за надзор, контрола и приватност, но неговите траги можат да се пронајдат и во реални градби, меѓу кои и еден затвор на грчкиот остров Крф.

Кратка историја на навивачкиот шал

Без разлика дали се работи за натпревар во Англија, Аргентина, Германија или Бразил, едно нешто е заедничко за фудбалските навивачи ширум светот – шаловите. Денес тие се неизбежен дел од навивачката култура и симбол на припадност кон омилениот клуб. Но нивната историја не започнала како маркетиншки производ или навивачки реквизит. Напротив, првите фудбалски шалови имале многу попрактична намена – да ги заштитат навивачите од студот на британските зими.

Промени во Греми наградите за 2027 - пет нови категории

Најпрестижната музичка награда во светот продолжува да се прилагодува на промените во музичката индустрија. Организаторите на Греми наградите најавија воведување на пет нови категории и низа измени во правилата за гласање и номинации, кои ќе важат од изданието во 2027 година. 

Шон Пен ќе режира филм инспириран од нападот врз Капитол

Американскиот актер ќе режира нов филм посветен на настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на Доналд Трамп насилно упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон. Проектот, кој ќе го реализира во соработка со студиото Ворнер брос, е заснован на сценарио на Пен, а снимањето се очекува да започне во 2027 година.

„Хитлер по дома“ - врската помеѓу ентериерот и моќта

Деспина Стратигакос е историчарка која ja интересира врската помеѓу архитектурата и моќта. Нејзината нова книга се вика „Хитлер по дома" и ја истражува архитектонската и идеолошката конструкција на „домашарската" слика за фирерот.

Зошто некој би гледал пренос од пишување роман?

Дали гледањето како некој создава книжевно дело ви го расипува или ви го збогатува чувството, како да сте ѕирнале зад кулисите? Дали од страна на писателите ова е егзибиционизам, или симболички чин кој сака да укаже на фактот дека денес никој и никаде не е ненабљудуван, дури и во најинтимниот момент на создавање?

Гитара со триста чуда на неа

На сајтот на NPR често наидуваме на нам непозната, но многу интересна, често експериментална музика. Еве еден таков пример на Италијанец кој од неговата гитара има направено монструм.

Маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата“ со 66 актери

Хомеровите епови често се нарекуваат темели на западната книжевност. Но ретко кој самиот седнал да ги прочита илјадниците стихови без да му здосади.

Сте чуле ли за „филк" музика?

Во најновата епизода на Big Bang Theory, Раџ и Хауард направија бенд и почнаа да настапуваат со нивните „филк" песни (folk+sci-fi). Мислевме дека ова е само уште една супер измислица на серијата. Ама..

Талент шоу во кое учесниците диригираат со Симфониски оркестар

Познати личности се натпреваруваат во диригирање со големиот оркестар на ХРТ, за „гледачите да се воведат во прекрасниот свет на класичната музика". Каква бизарна идеја!

Човекот што црта портрети на пениси

Фриз фестивалот кој се одржува во Лондон во октомври (завршува денес 17.10) е основан 1991 и е еден од најголемите светски уметнички саеми. Оваа година еден уметник привлече посебно внимание иако не правеше ништо особено - само црташе портрети.

Што е „жешко" на Франкфуртскиот саем на книгата?

Во Франкфурт од 14-18 октомври ќе се одвива најголемиот светски трговски саем на книгата. Првите три дена од настанот се посветени исклучиво на издавачите и трговците. Еве кои договори паднаа во Франкфурт до сега и кои се другите интересни теми.

Фотографии кои ја отсликуваат нашата зависност од мобилните

Има луѓе кои го проверуваат својот мобилен исто толку често колку што трепкаат или дишат, како тоа да им станало дел од нивниот дневен физиолошки процес, без кој едноставно би ги снемало. За оние кај кои останало барем малку самосвест, еве фотографии од тоа во што можат да се претворат, дур не е доцна.

Девојката што го пее Мајкл Џексон на древниот јазик на Инките

14-годишната Рената Флорес се обидува да го смени стереотипното сфаќање за куечуанскиот како јазик на ниските слоеви, кој нејзините сограѓани се срамат да го зборуваат. 

Зошто само „мама" и „тато" звучат толку слично во различни јазици?

Земете кој и да е збор во некој јазик и споредете го со таков со исто значење во друг јазик. Веројатноста дека тој ќе звучи сосема различно е голема. Куче може да биде dog (англиски), chien (француски), qen (албански), inu (јапонски). Но има некои зборови кои покажуваат речиси универзална сличност.

Писателот чиј прв роман бил одбиен 78 пати доби Букер

Марлон Џејмс од Јамајка ја доби наградата за неговиот роман инспириран од обидот за убиство на Боб Марли во 1970-тите.

Најпознатата книга на добитникот на Нобел за економија

Ангус Дитон, кому вчера (вторник) му беше доделена Нобеловата за неговите долгогодишни истражувања на потеклото на нееднаквоста, има две хобија: опера и риболов. 

Книжевен месечник: кои важни настани се случиле во октомври?

Кој знае дали тоа е научно издржано, ама некако ни изгледа дека настаните имаат необична тенденција де да се групираат, како некакви хронолошки јата, де да се проретчуваат. Октомври, освен што изобилува со родендени на наши драги луѓе, некако ни се гледа историски полн со важни книжевно-филозофски датуми. Еве некои од нив:

Уметниците кои сликаат за Нобел

Повеќето од Нобеловите награди беа доделени минатата недела, а последната, за економија, ќе биде сопштена денес (понеделник). За голем број добитници ова е кулминација на нивното животно дело. Но за мала група уметници, соопштенијата на наградите значат почеток на неколкунеделна напорна работа.

„Мојата вечера со Андре" (1981)

Колку може да биде интересна драма во која нема ништо друго освен двајца што седат на маса, и скоро два саата само дрндаат? Многу, многу.

Најдобриот бенд за музичка придружба на неми филмови

Иако звучат како да се повеќе луѓе, Алој Оркестра се состои од тројца музичари кои во живо свират во позадина на неми филмови. Утре (недела) тие ќе настапат во киното Тушканац во Загреб, како музичка придружба на ремек-делото на Џига Вертов, „Човекот со филмска камера". Некој да ги донесе и во Скопје?

Автомитологијата на Џон Ленон

Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.

Светлана Алексиевич - прва новинарка која доби Нобелова за литература

Изборот на Алексиевич има повеќекратна симболика - после долго време таа се доделува за небелетристика, а истовремено се подобрува и родовата избалансираност во историјата на доделувањето на оваа престижна награда. Освен тоа, новинарите присутни на објавата ја поздравија одлуката со гласен аплауз, бидејќи таа прв пат се доделува на нивна колешка. 

Како (го) попушивме

Aхмед Буриќ, поет и редовен колумнист во Радио Сараево, за разликата меѓу пушењето, „пушење“-то и попушувањето. Сите три можат да имаат умерени до значителни влијанија врз здравјето, но последново особено се одразува врз она менталното. 

Бомбастичен мемоар во врска со Нобеловата за мир

Овој петок ќе биде објавен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир. Меѓу другите имиња се споменуваат оние на Ангела Меркел, папата Франциско и рускиот весник Новаја Газета. Но неодамна излезе книга која фрла сенка врз релевантноста на наградата, којa додуша и до сега на повеќе пати беше доведувана во прашање. Валкани детали за неа открива поранешниот секретар на Нобеловиот комитет.

„Зборовите поевтинија - ни треба нов јазик!"

Дали е можен „учен активизам" и кои се опасностите од негово сведување само на учество на протести? Како системот ги „вшмукува" и припитомува поединците? Дали интелектуалците треба се вмешаат „меѓу народот", или прво треба да се замислат колку и самите придонеле за инфлација и злоупотреба на термините со кои се служат? Сето ова во интервјуто кое следи.

Од што умрел Едгар Алан По?

Во рубриките „деновиве пред години" на 7 октомври обично се појавува информацијата дека на тој датум во 1849 починал Едгар Алан По. Но поинтересното се случило неколку денови порано, на 3 октомври, кога тој бил пронајден на улиците на Балтимор, без свест и во тешка здравствена состојба. И не само тоа - носел нечија туѓа облека, и во бунило постојано го спомнувал името на некојси Рејнолд. 

Уметникот што гриза

Медиумот на Тони Орико е хартијата, а уметничката алатка - неговите сопствени заби. Освен тоа дека има јак загриз, дознаваме и дека не го мрзи 8 часа медитативно да џвака голем хамер.