Kуечуански, познат и како „народен", е древен јазик на домородното население на Јужна Америка (Перу, Боливија, Еквадор, Колумбија, Чиле и Аргентина), кој се зборува од 8-10 милиони луѓе. Во повеќето од овие земји има статус и на официјален јазик, паралелно со шпанскиот.
Сепак, со оглед на недостатокот од пишувани материјали, куечуа е главно говорен јазик, и ретко се предава во училиштата. Освен тоа, се смета за дијалект на сиромашните, старите и на оние од провиницијата. Децата кои растат во семејства кои зборуваат на овој јазик на некогашната империја на Инките често или воопшто не сакаат да зборуваат на него, или мешаат голем број шпански зборови кои го извитоперуваат оригиналниот јазик.
Досега тој во неколку наврати е спомнуван во популарната култура - во епизода на „Војна на ѕвездите“ или во „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп", каде Инди зборува на овој јазик со група Перуанци. Но сега една млада Перуанка, која има само 14 години, го оживува преку кавери на популарни песни, кои ги пее на куечуански.
Таа се вика Рената Флорес Ривера, и стана ѕвезда на Јутјуб откако ја испеа The Way You Make Me Feel на Мајкл Џексон, во спот снимен со древни градби на Инките во позадина. На тој начин таа им порачува на сите оние кои како неа имаат претци и родители кои го зборуваат овој јазик да не се срамат од него, туку напротив да го негуваат.
Еве ја со песната на Мајкл Џексон:
Нејзината верзија на The House of the Rising Sun