„Да се обидеш да дефинираш што е филк е како да сакаш да заковаш шајка во амеба или да пренесеш течно желе со вила". И покрај сета неодреденост, „филк" се препознава како музички жанр поврзан со научната фантастика, кој постои од раните 1950-ти.
Зачетниците биле учесници на sci-fi конвенции, кои доцна ноќе се собирале по хотелски соби и пееле, за што друго ако не за ним драги теми од книги и филмови. Иако дел од песните се хумористични и пародични, има и такви ептен сериозни, па дури и жанр наречен „осе" (oд morose - морничав), чија тема се смртта и страдањето.
Изведбата (и нивната должина) знае да биде епска, а изведувачот да личи на некаков „бард" или „гуслач" кој раскажува низ песна. На годишно ниво се доделува и награда Пегаз во шест кагегории (има и награда за најдобра љубовна и најдобра песна инспирирана од литература), а постои и финковска Сала на славните.
Еден од најпознатите „филковци" е Том Смит, кого го нарекуваат и Џони Кеш на жанрот. Оваа песна им е посветена на сите татковци чии деца очекуваат од нив да им ги поправаат компјутерите во секое време од денот (и ноќта)
Трејлер за симпатичната комедија Тhe History of Future Folk, инспириран од филк-от но однесен на повисоко ниво - вонземјани доаѓаат на нашата планета за да ни покажат што е тоа музика.
И покрај нашите обиди да пронајдеме претставник на овој жанр во македонскиот фолк, во тоа не успеавме (праќајте ако ви текне). Ама затоа ги имаме овие антологиски претставници од регионот:
Машинка Лукиќ - Аполо 9
Гордана Лана Адамов - Ванземаљац, прави je мушкарац