Таг: научна фантастика

Изумите изродени од научна-фантастика

Големите еуреки често доаѓаат ненадејно, но тие решенија бараат добра информираност околу сложениот проблем. За некои иноватори, во информирање спаѓало и читањето научна фантастика. Додека чекаме некој да пронајде начин да се телепортираме, ѕирнете ги овие неколку случаи, каде приказните испаднале пророштва што подоцна и се оствариле. 

Со што се занимаваше Брајант по крајот на легендарната кариера

Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.

Не, читањето научна фантастика не заглупува

Истражување од 2017, кое покажа дека разбирањето и емпатијата кон текстот наводно се намалува кога тој жанровски е „наместен“ да изгледа како научна фантастика, го покажа она што го знае секој ес-еф фан: не е до жанрот, до квалитетот на приказната е.

Почина Урсула Ле Гвин, дамата на научната фантастика

Жената која низ своите научно-фантастични и фантастични дела внесе филозофска длабочина и феминистички сензибилитет во овие жанрови, главно доминирани од мажи, почина мирно во својот дом во Портланд на 88 години.

Интерактивна изложба инспирирана од „Црно огледало“ во Лондон

„Во непознатото: патување низ научната фантастика“ ќе биде отворена во јуни. Се базира врз препоставката дека современиот живот сè повеќе наликува на дистописката серија на Чарли Брукер. Што би рекле во сараевска „Аудиција“ - ш’о претпоставка, чиста вистина!

Трендот на „тврдата научна фантастика“

Футуристички филмови (базирани на книги) имало и претходно, но во последно време во подем се такви кои, иако спаѓаат во жанрот научна фантастика, се обидуваат да бидат што пореалистични кога е во прашање научниот дел, на сметка и на пињау-пињау моментите, и на вселенската метафизика.

Сте чуле ли за „филк" музика?

Во најновата епизода на Big Bang Theory, Раџ и Хауард направија бенд и почнаа да настапуваат со нивните „филк" песни (folk+sci-fi). Мислевме дека ова е само уште една супер измислица на серијата. Ама..

Еx Machina (2015)

Тешко е да се гледа научна-фантастика во која речиси совршени човечки „репликанти" се обидуваат да ја преземат контролата, без асоцијации на Блејд Ранер, и чувство дека сè по него е во сенка на неговата визуелна и визионерска моќ. Па сепак, Ex Machina е повеќе од дистописки спектакл во кој главен лик е згодна и (вештачки) интелигентна жена, какви што се изнагледавме во последно време.

Запознајте го кинескиот Артур Кларк

Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг.

„Луси" (2014)

Нешто како мешавина на Матрикс, Трансформери и Којанискватци, филмов помеѓу сето тоа „пињау-пињау" и нишањето на колковите на Скарлет Јохансон има и една хумана порака - дека секој има обврска на човештвото по себе да му остави eдно УСБ, полно со знаење. Или барем ЦД со латино. 

Perfect Sense (2011)

Нема празник а некој на социјалните мрежи да не побара да му се препорача филм, по што обично следат долгометражни коментари со наслови и линкови. Еден од нив овој пат ни фати око.