Ерик Пикерсгил (1986) е американски фотограф кој за серијата „Отстранет" (Removed) бил инспириран од една случка во њујоршки ресторан. До него седело семејство, сите загледани во своите телефони, освен мајката која седела осамено и само гледала низ прозорецот. Таткото на два пати со смеење реагирал на некаква тривијална вест за фатена голема риба, но никој не реагирал. На крај и мајката го извадила телефонот.
Говорот на телото на овие луѓе и нивната фокусираност на сопствената дланка му оставило голем впечаток. Тој почнал да забележува сè повеќе луѓе кои се однесуваат на истиот начин, а да се фаќа и себеси во слична ситуација. Така одлучил да направи фотографии на кои луѓето позираат со телефоните, онака како што вообичаено ги користат, само што пред да ги слика тој им ги отстранувал, оставајќи ги така „замрзнати" да гледаат во празната рака.
Освен серијата фотографии, од ова искуство произлегол и документарец (9:51) за ова негово истражување на начините на кои телефоните го менуваат нашиот живот и врските со другите луѓе.
Дали оваа вест ја прочитавте на телефон?
Документарецот: