Bookbox

Новиот филм на Нолан повторно разгоре битка  – археолошка и историска – која трае со децении околу прашањето каде всушност се наоѓала легендарната Итака, татковината на херојот на Хомер.

Математиката и музиката отсекогаш биле поврзани преку ритамот, хармонијата и пропорциите. Токму оваа единствена врска е во фокусот на меѓународниот фестивал Festum π, кој секое лето на Крит, веќе пет години, ги обединува научниците, музичарите и љубителите на уметноста во богата програма од концерти, предавања и научни дискусии.

Ново медицинско толкување за смртта на музата на Ботичели

Повеќе од пет века историчарите сметаа дека Симонета Веспучи, прочуената убавица на италијанската ренесанса и веројатна муза на Сандро Ботичели, починала од туберкулоза. Но ново истражување предлага поинакво објаснување: ретко, но драматично медицинско нарушување кое, според авторите, подобро се совпаѓа со историските сведоштва и промените што се забележуваат на нејзините портрети.

Филдсов медал 2026: математичарите што ги поместуваат границите на знаењето

Филдсовиот медал, често нарекуван „Нобелова награда за математика“, и годинава ги истакна научниците чии идеи отвораат нови хоризонти не само во математиката, туку и во физиката, информатиката и разбирањето на природата. На Меѓународниот конгрес на математичарите во Филаделфија, четворица истражувачи под 40 години ја добија оваа престижна награда за решавање на проблеми што со децении, па и со векови, им пркосеа на најголемите умови. Меѓу нив особено се издвојува Џон Пардон – тивок, скромен научник чии револуционерни идеи веќе се сметаат за пресвртница во современата математика.

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Со години Нетфликс важеше за платформата што целосно ги промени навиките на телевизиската публика, нудејќи цели сезони одеднаш и поттикнувајќи „бинџање“. Но, според сè повеќе аналитичари, токму тој модел денес почнува да му се враќа како бумеранг. Во текст на Слејт се тврди дека стриминг-гигантот ја нарушил една од најважните особини на телевизијата – чувството дека гледачите со текот на времето градат трајна врска со ликовите и сериите што ги следат.

Зошто Казахстан преминува на латиница?

Во октомври оваа година казахстанскиот претседател Нурсултан Нарзабајев со указот број 569 донесе одлука до 2018 во училиштата да се воведе проширена верзија на латиницата, а целосна транзиција на целата земја кон абецедата да се изврши до 2025.

Метрополитен опера го суспендира славниот Џејмс Левин

Уметнички директор на Мет цели 40 години, познат диригент и пијанист, Левин е обвинет дека извршил сексуално малтретирање на тројца тинејџери.

Доделена наградата „Лош секс во проза“ 2017

Книгата се вика „Уништувачите“, авторот Кристофер Болен, а високото признание му е доделено за сцена која вклучува стап и топчиња.

Како една жирафа извршила влијание врз европската мода и уметност

Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.

Снупи конечно ја доби книгата што ја заслужува

Има некои цртани ликови кои траат неколку сезони, за потоа сите тие куклички, маички и постери со нив да останат на ѓубриштето на популарната култура. Но има и такви кои со генерации не застаруваат. Такви се Чарли Браун и неговото стар-мало куче Снупи.

Белгиски уметник спасен од товарот на сопствена инсталација

Во еден од оние бесценети моменти кога уметноста го надминува животот, еден преамбициозен „концептуалец“ не успеал да се ослободи со чекан мавајќи го каменот за кој самиот се врзал. Името на неговото дело - „Товар на историјата“. Па не може подобро од ова!

Фотографот Емил Зола

Семејни албуми, стаклени плочи и опрема за фотографска лабораторија кои му припаѓале на славниот француски автор на 4 декември ќе бидат понудени на продажба во галеријата Арткуријал во Париз.

Што значеше панк-рокот за Југославија?

Додека во СССР и поголемиот број други источноевропски земји водачите и комесарите ја контролирале младинската култура како начин да ја задржат својата моќ, во Југославија комунистите им ја понудиле културата на своите граѓани, посебно на младите, како издувен вентил низ кој можеле да ги намалат општествените трауми и да создадат илузија на слобода.

Психолошка археологија: нештата што тешко им се објаснуваат на помлади

Технологиите се развиваат толку брзо, што споменот на вокмен со дискови изгледа како сто години стар. А всушност, како вчера да беше.

Aнти-натализам: дали е подобро да не си се родел?

Звучи како клетва упатена во афект од гневен родител („што те родив“), или како нешто што во моменти на очај човек си го кажува самиот на себе („камо среќа да не се родев“). Но чисто филозофски, дали постојат аргументи за тоа дека е подобро човек никогаш да не дошол на овој свет?

Кога жени собирале пари за грам радиум

Местото на Марија Кири во историјата ѝ припаѓа заради истражувањето на радиоактивноста, но еден поглед во нејзината биографија открива уште една област во која била пионер - јавното собирање средства, или денес познато како „краудфандинг“.

Зошто користиме деминутиви за работите што ни се мили?

Светот е огромно, физички и ментално несовладливо пространство, кое често нè фрустрира. Оттаму, не е ни чудо што од време-на време сакаме да се утешиме со негова „минијатуризација“.

„Чадорологија“ - приказната за најчесто забораваниот предмет

Нова книга е посветена на чадорот како практичен, но и симболички предмет во животот и во литературата. Таков кој денес ќе ви треба.

„Исцелител“ (2017)

Приказна за дечко од Автокоманда и неговиот татко болен од рак, кои можат да бидат кои било татко и син, од која и да е земја, во која луѓето од маргините се препуштени сами на себе. Топла и хумана, како тукушто испечен домашен колач. 

Библиотека во Британија во која ти дозволуваат да спиеш

Веднаш ни текна колку добро оправдување би било ова - те немало цела ноќ дома, ама не си пиел туку си читал. И после, логично, ти се приспало.

Еволуција на англискиот во бегалските кампови

Масовните движења на население логично предизвикуваат демографски, но и културолошки промени. Во случајов се работи за еволуција на англискиот јазик на местата каде се концентрираат бегалци, на пример во пренаселениот камп Морија, на островот Лезбос.

Прва авио-компанија наменета за превоз на уметници

Ангелхаха е првата уметничка авио компанија која ќе лета патници директно до битни изложби и уметнички настани низ светот. Првиот лет е закажан за 6 декември. Иако тешко дека повеќето уметници би можеле да го платат.

Дали е можна емпатија за Ѓаволот?

„Дали солзите на Ратко Младиќ се со ист состав како солзите на таткото на малата Медиса, или со солзите на Хусо Силајџиќ од Горажде?“, прашува Дежуловиќ, ризикувајќи да го претстави крвникот речиси како човек. 

Часови по уметност на кои истовремено се слика и се „дува“

Малку поинаков курс наменет за будење на креативецот во секого. Со мала помош на „зелено“.

Дали би гледале театар од тросед?

За „вистинските“ театрофили ова може да звучи ко богохулие. Но да можеш да гледаш снимки од славни претстави, па и преноси во живо од актуелни изведби некаде низ светот, каде инаку тешко дека би патувал само за да појдеш на театар, тоа нам ни звучи како одлична идеја.

„Сосема ново Свето писмо“ (Le tout nouveau testament, 2015)

Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!

Нова книга за жената од која Фројд и Јунг „појзамувале“ идеи

Подзаборавената приказна за Сабина Шпилрајн, пионер во областа на психоанализата, жртва на антисемитизмот, нацизмот, но и на нејзините машки колеги кои „зајмеле“ од нејзината креативност и оригиналност.

Метални маски за вас, оговарачи и прислушкувачи

Доколку по некое чудо повторно оживеат средовековните практики на посрамотување со носење на вакви метални маски, ќе се изнагледаме „Дарт Вејдери“ по нашите улици. A не дека срамотењето не се прави сега на други начини, и кога е заслужено, и кога е само за сеир. 

Зошто нацистите сакале кафе без кофеин?

Модерната верзија на нашето утринско кафе се појавила во 15-тиот век и ги заменила дотогашните полу-блуткави пијалоци направени од нешто што личи на кафе, ама не е кафе туку е, на пример, цикорија. Но во 1905 во Бремен, Германија, извесен Лудвиг Розелиус, открил метод на производство на вкусна безкофеинска верзија на она што нè држи будни во ваков тмурен ден.