Bookbox

Денес Светското првенство е најголемиот фудбалски настан во светот, но малкумина размислуваат колку време поминало од неговото прво издание. Првиот Мундијал се одржал во Уругвај од 13 до 30 јули 1930 година и завршил со триумф на домаќинот. Речиси еден век подоцна, интересно е да се потсетиме кои познати личности биле живи во тоа време. Меѓу нив има научници, писатели, спортисти и актери кои оставиле неизбришлива трага во историјата.

Малкумина знаат дека во античко време Грците и Кинезите не само што имале индиректни контакти преку трговијата, туку и влегле во вооружен судир. Овој речиси заборавен конфликт, познат како „Војната за небесните коњи“, се случил меѓу 104 и 102 година п.н.е. и ги спротивставил Грчко-бактриското кралство и кинеската династија Хан. 

Витезот на уметноста во жолти влечки: замина Дејвид Хокни

Со смртта на Дејвид Хокни на 88 години, светот на уметноста загуби еден од своите највлијателни и најиновативни творци. Британскиот сликар, графичар и фотограф, кој остави длабока трага во уметноста на 20 и 21 век, беше препознатлив по својата смела употреба на боите, необичните перспективи и постојаната подготвеност да експериментира со нови технологии. А живееше во духот на слободата кој го промовираше и во своите дела.

Секс-кукла изложена во резиденцијата на германскиот претседател

Необична изложба на современа уметност во официјалната резиденција на германскиот претседател предизвика големо внимание во јавноста. Најмногу реакции предизвика бронзена скулптура инспирирана од јапонска секс-кукла, која на Штајнмаер му се бендисува, бидејќи се поврзува со главната идеја на поставката - слободата на изразување. 

„Битката за Сантјаго“ - фудбалскиот натпревар што ги иницирал жолтиот и црвениот картон

Фудбалот денес е еден од најпопуларните и најпрофитабилни спортови во светот. Играчите заработуваат милиони, клубовите се во сопственост на милијардери, а натпреварите привлекуваат огромно внимание. Иако страстите често се разгоруваат, фудбалот генерално не се смета за насилен спорт на теренот. Токму затоа ретките инциденти на екстремно насилство остануваат запаметени во историјата.

Подарување: добра мисла или желба за моќ?

Едни велат дека празниците се убав повод за макар и мало внимание кон блиските. Други ја одбегнуваат оваа пасивно-агресивно наметната обврска клеветејќи го конзумеризмот, но и манипулативната страна на подарувањето. Има ли великодушноста и мрачна страна? И ако да, тогаш како да подаруваш несебично?

„мајка!“ (2017)

Веројатно најдобриот опис на „мајка!“ има дадено Кол Нидхем, основач и извршен директор на IMDb: „Ова е како Шредингеров филм. Во кутијата има дело кое е истовремено и многу добро и многу лошо“. Работата е да се осмелиш да ја отвориш кутијата и да процениш со свои очи.

Најдобрите документарци во 2017

Без оглед дали раскажуваа мали, лични приказни или се обидуваа да ги пронајдат големите вистини во вревата од куп лаги, документарците изминатава година беа бројни и значајни алатки во бесконечната борба за малку реалност во светот на фикции. Еве некои кои според критиката и гледачите беа најдобри.

Георги Господинов: „Стравот е основната причина за пишување“

Нема помодерна технологија од литературата. Онаму каде што технологијата сè уште се обидува да стигне, литературата веќе била! Сè што се случува и треба да се случи, веќе е опишано во литературата, вели бугарскиот писател со господско презиме, и ист таков ракопис.

Советскиот научник кој е одговорен за смртта на милиони луѓе повторно популарен во Русија

Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.

Најдобри научно-популарни книги во 2017

Без стручен сленг и технички детали, напишани во стил кој граничи со книжевност, овие книги изминатата година помогнаа да се отворат нови хоризонти во разбирањето на најсложените и најапстрактни концепти, од гравитациски бранови до отпорност на антибиотици. 

Што всушност прават диригентите?

Секој кој бил макар на еден оркестарски концерт во животот го знае оној момент на тишина пред на сцената да излезе диригентот, кој како генерал на музичката војска го одредува протоколот, но и квалитетот на изведбата. За многумина неговото (или нејзиното) присуство на сцената со палка во раката е мистерија.

Најдобрите книги за пиење во 2017

Некои од нас веќе почнаа со славење, а тоа значи и со пиење. Или поточно, продолжија во традицијата на годината што полека изминува. Добра причина неа да ја одбележиме со книги посветени на оваа тема

По 2000 години Рим конечно го „помилува“ Овидиј

На Овидиј нема да му врши работа, но гестот на Рим со кој градот му се извинува на еден од своите најпознати поети можеби е симболички наменет за некои идни уметници кои ќе се замерат со политичките моќници. Простено им е, однапред.

Како еден расказ oбјавен во Њујоркер го разбранува интернет

„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.

„Допир од далечина: Иан Кертис и Џој дивижн“ од Дебора Кертис

Неодамнешната промоција на македонското издание на оваа книга почна со спојлер - дека главниот лик се има самоубиено. Но и целата книга како да е еден голем спојлер за сите оние кои во младоста беа (или кој знае, можеби уште се) хипнотизирани од прерано згаснатиот младешки гениј на Иан Кертис.

„Младотрес“ е збор на годината според Оксфордските речници

„На младите светот останува“, велиме, со повеќе од еден збор. Ама Англо-саксонците имаат и пократко за истото - еден збор кој ја одбележа 2017.

Уметност од загаден воздух

Аерозагадувањето во некои земји, како на пример во Кина, е секојдневие. Ама тие во последно време ја земаат работата во свои раце - се ослободуваат од јагленот, а кинеските компании се лидери во производството на електрични автомобили. Уметниците исто така не остануваат должни.

Не им подарувајте книги (со сила) на луѓе што не читаат

За библиофилите огромно искушение е да купат книги дури и на пријатели за кои сигурно знаат дека нема да ги прочитаат, како некој вид опомена или педагошка мерка. Не се мачете, вели Дејвид Барнет од Гардијан. Впрочем, не мора секој да чита.

Местенка: книга на нобеловец одбиена 19 пати од актуелни издавачи

Обожавател на „Палатата“ на Клод Симон, кој ја доби Нобеловата во 1985, ја испратил книгата на поголем број актуелни издавачи. 12 веднаш ја одбиле, а седум воопшто не одговориле.

Пред гостувањето на Лoра Агустин во Скопје: Трговијата со луѓе е мит?

Исто како што буржујките од 19 век сметале дека е морална доблест да ги спасат „сиротите“ проститутки, кои „фатиле погрешен пат“, крстоносците против трговијата со луѓе гледаат на жените како на слаби и ранливи суштества. Ова е само дел од контроверзните ставови на Лора Агустин, која наскоро гостува во Скопје. 

Апликации кои те потсетуваат дека ќе умреш

WeCroak (достапна за iOS за 0.99 долари) е апликација базирана на поговорка од Бутан, која вели дека за да се биде среќен, човек треба да мисли на смртта барем пет пати дневно. Звучи како корисна алатка за годината што претстои.

Букбокс гледаше: „Исончаност“ (Suntan, 2016)

Грчки филм, кој неправедно е класифициран како комедија. Во него нема речиси ништо смешно - се работи за мрачна драма, која иако почнува лефтерно, полека но сигурно преминува во мачнина. И тоа не затоа што филмот е лош, напротив, затоа што е многу добар.

Тајниот живот на „хм..“

Границата на нашата толеранција на тишина кога поставуваме прашање некому е само една секунда. Потоа или претпоставуваме дека соговорникот нема воопшто да одговори, или почнуваме да го препрашуваме што е работата. Ако прашањето е тешко, другиот најчесто почнува да „хмка“. А ние да беснееме.

Алек Попов: „Ако земеме малку да поќутиме, нештата можеби сами ќе си дојдат на свое место“

Еден е од најпознатите и најпреведувани современи бугарски автори е ко-сценарист на новата сезона од популарната ТВ серија „Преспав“, која наскоро треба да почне со емитување. Во интервју за Букбокс зборуваме за тоа како гледа на македонско-бугарските соработки, за второто продолжение на романот „Сестрите Палавееви“, врската помеѓу митологијата и идеологијата, и прабаба му од Прилеп. 

Виолетова ќе биде бојата на 2018

Според компанијата Пантон таа симболизира визионерство, космички широчини и длабочини, мисловност. Баш да видиме дали 2018 одеднаш ќе се обои виолетово.