Краткиот анимиран филм на Теодор Ушев, во продукција на Националниот филмски борд на Канада, е базиран на краток расказ на Георги Господинов, од збирката „И други раскази“ од 2007. Негов главен лик е девојчето, а потоа и девојка Вајша, која иако гледа на двете очи, сепак е слепа. Левото (зелено) ѝ го гледа само минатото, а десното (кафено) само иднината. Фрустрирана од тоа што не може да ја живее сегашноста, таа размислува да отстрани едно од нив. Но, кое?
Користејќи линорез за анимацијата, техника со која се занимава од 12-годишна возраст, Ушев го анимирал целиот осумминутен филм сам, создавајќи околу 13.000 слики. Филмот беше номиниран за Оскар, но за жал не го доби, и покрај моќната приказна на Господинов и одличната изведба.
Целиот филм во 2Д тука:
Интервју за офф.нет на Господинов тука