Идејата не е лоша: да се раскаже Првата светска војна преку судбината на еден коњ, кој менува сопственици и завојувани страни, за на крај победнички да се врати дома.
Но човечките (и коњски) приказни се раскажани толку стереотипно холивудски, предвидливо и со премногу среќни околности за една реална војна, што по 2,5-те часа сфаќате дека за разлика од некои други филмски наслови во кои има 'коњ' (како на пример Торинскиот), кои него го користат како метафора, тука никој не се обидел да ве излаже. Ова навистина Е филм за еден воен коњ. И толку.