ТЕД има широка мрежа на преведувачи, со оглед на тоа што видеата од оваа серија се преведуваат на 105 јазици. Тие биле замолени да изберат свој фаворит помеѓу тешко преводливите изрази од сопствените јазици, да кажат како би го превеле буквално, како и што тој значи.
Еве некои од нив - резултатите се цепки, но и социо-културно многу интересни, особено тоа кои животни, растенија и предмети се користат како метафори.
Tomaten auf den Augen haben (германски)
Буквално: Имаш домати в очи.
Што значи: Не го гледаш она што другите го гледаат, а пред очи ти е.
Det är ingen ko på isen (шведски)
Буквално: Нема крава на мразот
Што значи: Нема потреба од грижа
Sauter du coq à l’âne (француски)
Буквално: Да скокаш од петел на магаре
Што значи: Кога некој менува теми без логика во муабет.
Les carottes sont cuites! (француски)
Буквално: Морковите се сварени
Што значи: Ситуацијата не може да се промени, предоцна е (Нешто како англиското „Нема поента да се плаче над истурено млеко“)
Галопом по Европам (руски)
Буквално: Со галоп низ Европа
Што значи: Да направиш нешто со брзање, непромислено
Pagar o pato (португалски)
Буквално: Да платиш за патката
Што значи: Да преземеш вина за нешто што не си го направил
Bułka z masłem. (полски)
Буквално: Кифла со путер
Што значи: Нешто што е многу лесно (ко piece of cake)
猫をかぶる (јапонски)
Буквално: Да носиш мачка на глава
Што значи: Човек кој си ги крие канџите и се преправа дека е фин и безопасен
Muda Labudova (избор на преведувачот од хрватски)
Буквално - ..знаете
Што значи: Нешто што е невозможно
Ben Fransız kaldım. (турски)
Буквално: За тоа сум Француз.
Што значи: Немам поим од таа тема, не разбирам, нешто како It's all Greek to me (и верзии со други народи - Шпанци, Кинези и сл.)