- На 30 мај (четврток) во Паркот на франкофонијата, ќе се одржи втора дискусија за зборообразување, организирана од групата јазични ентузијасти „Зборци“.
- Организаторите информираат дека на настанот ќе разговараат со, Владимир Мартиновски, актуелен декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ; Весна Мојсова-Чепишевска, авторка и редовна професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ; и Татјана Б. Ефтимовска, професорка, авторка и една од основоположниците на идејата „Зборци“.
- „На овој настан ќе се обидеме да откриеме што е всушност можно со зборовите. Ќе зборуваме за еволуцијата на јазикот и дали таа е привилегија на одредена група или е процес во кој сите ние можеме да учествуваме. Дали нашите најмлади ќе зборуваат македонски каков што ние го познаваме, или ние треба да го приспособиме нашиот јазик на новите генерации? Како да го задржиме автентичниот дух на јазикот, истовремено отворајќи го за нови идеи и влијанија? Дали новите зборови се резултат на нашата способност за адаптација во нови услови? Како глобализацијата и дигиталната ера создаваат нови јазични феномени што го трансформираат македонскиот јазик? Ќе разговараме за тоа како зборовите може да бидат огледало на општествените промени, на нашите надежи и стравови, на нашите стремежи и успеси“, стои во соопштението.
- По завршувањето на дискусијата ќе следи забава со DISCONINJA.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.