Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Саем на книга во Скопје од 18-24 април

17 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Под слоганот „Приказна се чита“ годинешното издание на Саемот на книга ќе се одржи од 18 до 24 април во Арената Борис Трајковски во Скопје.
  • Организаторите велат дека како и претходните години, практично сите издавачи и автори од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите, а Саемот ќе биде надополнет и со повеќе издавачи од регионот, како Србија, Турција, Албанија, Косово и други. Оттаму се најавуваат и средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади.
  • „Слоганот ‘Приказна се чита’ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време“, се вели во најавата за годинешното издание.
  • Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18 април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24 април. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.
извор

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

27 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. 
  • Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
  • Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
извор

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
2

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

5

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
6

Барате графички дизајнер?

Балканштина
7

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
8

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

20-годишниот проект на еден фотограф да го регистрира секое животно на планетава

Bookbox
3

Се сеќавате на изразот „тандара броќ“?

Bookbox
4

Од богот Пан до паника

Bookbox
5

Како е да си краставица?

Bookbox
6

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Bookbox
7

„Народна табла“ - како Француската револуција го измислила првиот билборд

Bookbox
8

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од Африканецот

Ексклузивно! - нај(зло)употребуваните зборови во новинарството

Кажи го едноставно

Светот не ги сакаше ни еврејските бегалци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy