- Актерот Жарко Лаушевиќ (63) почина денес, 15.11., по кратко и тешко боледување. Ова во име на семејството го соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ.
- Тој беше еден од најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 1980-тите, чија кариера нагло беше прекината поради двојното убиство што го изврши по кафанска расправија во 1993 година, за што беше осуден на неколку години затвор во родната Црна Гора. По скратувањето на казната и помилувањето, се пресели во САД, од каде се врати прво со исповедната книга „Година ќе мине, денот никако“ (за која пишувавме тука), а потоа со уште неколку автобиографски дела, како и неколку улоги на телевизија и филм во последните десет години.
- Популарноста во Југославија ја стекна со улогата на криминалец во телевизиската серија „Сиви дом“ (1986) во режија на Дарко Бајиќ, како и во филмовите „Шмекер“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987) , „Браќа по мајка“, (1988), „Битката на Косово“ (1989), „Кажи зошто ме остави“ (1993) и „Подобро да бегаш“ (1993). Во 1987 година, Лаушевиќ ја доби Златната арена за најдобар актер на филмскиот фестивал во Пула за неговата улога во филмот „Офицер со роза“. Меѓу бројните награди, Лаушевиќ ја доби и „Зоран Радмиловиќ“ за улогата во „Кањош Македоновиќ“ (1989) и Стериината награда за насловната улога во претставата „Свети Сава“ (1990).
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.