Нова соработка помеѓу музејот Лувр и експертите за парфеми Рамдан Тухами и Виктор де Тајак резултира со „превод“ на осум уметнички дела во сопственост на музејот во специфични мириси. Париската институција го ангажирала парот - основачи на популарниот козметички бренд Официн Универсел Були - за со нивните соработници да развијат парфеми поврзани со слики и скулптури.
„Парфемиџиите“ самите одбрале кое дело ќе им биде основа, а освен веќе спомнатите на списокот се нашле и Венера од Милос, „Големата прислужничка“ на Енгр, „Резето“ на Жан-Оноре Фрагонар (горе), „Јосиф дрводелецот“ на Жорж де Ла Тур и „Нимфата со шкорпијата“ на Лоренцо Бартолини.
Поентата според организаторите е да се додаде олфакторна димензија на визуелното искуство. Бојата, светлината и текстурата се толкувани како мириси, па појавата, на пример, на тешка кадифена зависа на некоја слика, може да аасоцира на богати и темни ароматични тонови.
Промоцијата е закажана за 3 јули, а продажбата на парфемите ќе започне од јануари 2020.
Претходно: Обидот њујоршката библиотека да мириса исто како во 1906