Лингвистичката страна на спортот

Измислени олимписки глаголи

„Глаголизирање“ (verbing) е процес преку кој именките почнуваат да се користат како глаголи на што, најблаго речено, не се гледа со симпатии од страна на оние кои се грижат за „чистотата“ на јазикот. Коментаторите на натпреварите на актуелната Олимпијада од англиското говорно подрачје масовно се обвинувани за ваквиот граматички грев. 

Она што го прави ваквиот процес на претворање именки во глаголи многу полесен во англискиот е тоа што, за разлика од други индо-европски јазици, тој не подразбира голем број флексии (промени на наставки при деклинација и конјугација). Во германскиот, на пример, освен essen што значи и „јаде“ и „храна“, други вакви зборови речиси и да нема. Истото важи и за кинескиот - освен именката што значи гром, која може да се користи и како глагол за„шокира“.

Но олимпиското спортско коментирање, или она што британските медиуми (како Индипендент) го нарекоа „олимписка лингвистичка касапница“, a наиде и на остри реакции на Твитер, не познава вакви правила, па формира глаголи и од именки, како медал (тој беше „омедален“), финале (тие „финалуваа“, односно влегоа во финале - иако во македонски користиме „финализира“, но во контекст на заврши) или подиум (таа се „подиумизира“ - се искачи на подиум). 

Ова е забележано и при претходните преноси од Олимпијадата во Лондон, кога oнлајн Оксфордскиот речник на англиски јазик забележал пораст на бројот на пребарувања на ваквите „глаголизирани“ именки. Додуша употребата на „медалување“ е многу постара, и датира од 1966, кога била употребена во некој калифорниски весник (нормално, на Британците за искривоколчување на јазикот им се криви Американците). Или што би рекле Калвин и Хобс:

 

14 август 2016 - 16:32