„Глаголизирање“ (verbing) е процес преку кој именките почнуваат да се користат како глаголи на што, најблаго речено, не се гледа со симпатии од страна на оние кои се грижат за „чистотата“ на јазикот. Коментаторите на натпреварите на актуелната Олимпијада од англиското говорно подрачје масовно се обвинувани за ваквиот граматички грев.