Иконокластика

Изложба на упропастени дела во Тејт

Во лондонската галерија во октомври ќе се отвори изложба на дела кои биле распарчени, скршени или на друг начин намерно унакажани, и тоа заради идеолошки причини.

„Уметноста под закана: историја на британската иконокластика", како што е насловот на изложбата, ќе се занимава со физичкото насилство против уметничките дела, и тоа исклучиво такво кое е вршено од идеолошки причини, а не заради обичен вандализам.

Пенелоп Кертис, директор на Тејт Британија, изјавила: „Сакаме да ги земеме предвид оние примери кои не загубиле од актуелноста со текот на времето. Сепак нашиот обид да ја истражиме оваа страна на уметноста беше прилично тешка, бидејќи често се соочувавме само со делчиња или со предмети кои се скриени".

Статуата на мртвиот Исус, која датира помеѓу 1500 и 1520 и ќе биде еден од експонатите, е опишана како една од најзначајните скулптури која го преживеала уништувањето вршено од страна на верските реформатори во Британија (оние кои го промовирале протестантизмот) во 16 век. Пронајдена е во 1954 во Лондон под подот на капелата на Мерсерс Хол, додека во неа биле санирани штетите од бомбардирањето од Втората светска војна.

Во изложбата е вклучена и статуа на уметникот Карл Андре, под официјален наслов „Манифестна судбина", инаку купче цигли, која била оштетена со плава фарба од гневен посетител на изложба на која таа била поставена, заради нејзиното потсмевање со империјализмот, што е веројатно сфатено како навреда и на Британија.

5 јули 2013 - 20:42